• Latest
Добро утро со Орданоски

За скопските џукели (и нивните портпароли), дел 2

November 5, 2018

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

За скопските џукели (и нивните портпароли), дел 2

November 5, 2018 07:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]К[/dropcap]ако што и можев да претпоставам, текстот за скопските улични џукели, прочитан од десетици илјади читатели, предизвика лавина од реакции. Најголем дел од реакциите се позитивни (што е помалку важно), но десетици читатели жестоко реагираат (најчесто со директни навреди и дисквалификации – „дебела свиња“, на пример; или „Друже Северџан“, бидејќи Ромите се помалку важни и од џукелите) на моите ставови и мојот речник, со кој уличните кучиња во Скопје ги нарекувам – џукели.

На социјалните мережи имам еден принцип: речиси никогаш јавно не одговарам на читателите кои ме фалат или ме критикуваат. Јас покренувам и дискутирам за теми кои се од (некаков) јавен интерес, а читателите имаат право да се согласат или не со моите ставови. Додуша, би требало да немаат право да навредуваат и клеветат, но таквото очекување од некој едикојси кој решил да лечи некакви свои фрустрации на фејсбук би било преголемо. Сум прифатил дека во ова што го работам има и извесна терапевтска димензија. Ако им е подобро така, отколку да пробаат со медикаменти, јас сум ОК.

Но, занимливи се неколку „линии“ на напади и дисквалификации…

Прво, кога некои не се согласуваат со вас, тогаш вие мора да сте платен од власта за своите ставови! Оти, ако, во случајов, не ме плаќа некаков Петре Шилегов, јас не можам, бесплатно, да имам и свој став за џукците!

За ова, донекаде – доколку не е резултат на чиста злоба во напад на афект – имам и разбирање: со години, скапо платената пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ подразбираше низа новинари и други јавни личности, (и) за пари, жестоко да ги промовираат и бранат ставовите на таа власт, вклучително и преку ефикасен систем на дисквалификации и дискредитации на секој кој не се согласуваше со тој режим. Таа практика тешко се искоренува во општеството, не само кај која било власт која мисли дека со пари сè може да се купи, туку и во дел од јавноста која мисли дека за пари секој може да се купи. Тоа е.

Второ, ако барате да се реши состојбата со грдите џукели кои шетаат по скопските улици – ова „грдите“ намерно го употребувам за да ги разбудам сите подзаспани морализатори и релативизатори од сите страни – тогаш веднаш ве прогласуваат за животно-мрзец („дебела свиња“, де!), а особено за куче-мрзец (еден, комбинирајќи ги точка 1 и 2, вели: „Сигурно не погледнал во очи некое кутренце, а и текстов е нарачан и платен“)… Можев, а не спомнав во првиот текст (и сега мислам дека тоа не е важно), да напишам дека во моментов чуваме две кучиња дома, дека рекордот во последните триесет години ни бил и три кучиња истовремено, а дека едно од најснаодливите од сите нив беше Штрафта („Бог да јој душу прости!“), една баш грда џукела собрана од улица, која на расниве ебиветри по дома (а и на некој од овие што ми пишуваат коментари по фејсбуци) можеше 24/7 лекции за интелигенција да им држи.

Трето е суштината и на овој и на претходниот текст: мојата теза е дека додека не се „преврти“ аргументацијата – да престанеме да говориме за тажниот живот на кучињата-скитници (обични џукели!) и да почнеме да алармираме за десетиците гризнати и преплашени граѓани (особено деца – ве молам, прочитајте некои од коментарите под првиот текст на мојата фан-страна на фејсбук) – надлежната градска власт (и оваа, како и претходната) ќе продолжи да си негува еклатантна неспособност и неволност (а колегите од Призма ги фатиле и во сериозни индиции за корупција на „Вардариште“!) за да се зафати за решавање на овој проблем.

И на овој Шилегов и на неговата градска администрација мора да им стане јасно дека се работи за проблем што ја загрозува безбедноста и здравјето на граѓаните, а не дека се работи за јавен натпревар за тоа кој повеќе сака кучиња! Да му се порача на Шилегов дека ќе плати скапа политичка цена, со губење на наредните избори (вонредни, зошто да не?) доколку не ги решава реалните проблеми на ГРАЃАНИТЕ, а не на КУЧИЊАТА во Скопје!

Затоа, следниот пат кога ќе одите на протести за правата на џукците во Скопје, наместо да протестирате со пудлиците врзани на розе-сиџими, истакнете во првите редови неколку родители и деца кои ги гризнале тие џукци – само така ќе ја натерате власта да се зафати со итно решавање на проблемот.

Што е ова? Ова е лекција за содржината на ГРАЃАНСКАТА ПОЛИТИЧКА МОБИЛИЗАЦИЈА до моите пријатели од граѓанскиот сектор – простете, иако не сум од Левица (sic!), малку повеќе асфалт имам испротестирано од најголем дел од нив, а и малку повеќе реален ризик имам превземено од сите нив, за да можам да си го дозволам овој совет. (Па, џабе ли на Мијалков му ги пишувам бе писмата?!)

На овој начин, со реална политичка закана и до Заев и до Шилегов, мислам дека има поголема шанса да се реши проблемот со кучињата (и со птиците кои патат од загаденоста на воздухот?!), отколку кога разни пуфли и прдежи, со нежни ушиња или лажни идентитети, ми држат лекции за џукци по фејсбук. А и кучињата ќе видат аир од сето тоа.

И, само цивилизирано, молам! И од овие на фејсбук и со џукелите. Дури кога се едни и исти.

 

 


Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

 

Share742TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ