• Latest
Добро утро со Орданоски

Каде е, по ѓаволите, Никола Груевски?!

November 12, 2018

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Затишје што не навестува ништо добро

July 23, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Ознаката PRESS може да значи смрт

July 23, 2026

ДЗР: Општините изгубиле речиси 48 милиони евра ненаплатени даноци и такси за пет години

July 23, 2026
Петрит Сарачини (фото: ЦИВИЛ)

Aјде да повториме: Зошто Албанците се навредуваат кога ги викаат „шиптари“?

July 23, 2026
Илустрација ВИ

Хутите отвораат нов фронт: Нападнати два саудиски танкери, продолжуваат американските удари врз Иран

July 23, 2026
Национален совет за евроинтеграции (Фотографија: Собрание на РСМ)

Рокас пред Националниот совет: Европската перспектива е жива, но без владеење на правото нема напредок

July 23, 2026

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Каде е, по ѓаволите, Никола Груевски?!

November 12, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Н[/dropcap]ешто ме чеша во прстиве, не можам да се воздржам од тоа да ви ја соопштам оваа ризична, иако опортуна теза: Никола Груевски си замина од веројатноста дека наскоро ќе го видиме во Шутка.

Да, де, човекот побегна.

Можеби, иако не, ама еве ако да, додека го читате овој текст тој веќе се појавил од зад некој агол во Шутка и скришно си се пријавил за издржување на досудената казна. Тогаш, застанете тука, не е ни важно што пишува подолу. (Иако знам дека и вас ве чеша…)

Една теорија вели дека веќе е на пат за Белизе, со нивен пасош в џебот: пасошот е светло син, со голем златен накитен грб на него, а бидејќи Белизе е членка на карипската заедница, без виза можете да патувате во Мексико, Хондурас, Гватемала, Велика Британија, Салвадор, Коста Рика… Убавини! За да добиете таков пасош, ви требаат две препораки од Белизенчани (така ли се викаат?), а меѓу оние (постои овластена листа!) кои можат да ви издадат таква препорака се и лиценцирани учители, адвокати, лекари, религиски водачи… Најубаво од сè: доколку ве фатат дека сте лажеле во апликацијата, казната е 500 факинг долари, или година дена тамошен затвор со поглед на море – наспроти погледот на џамијата на Амди Бајрам, овде!

Според оваа теорија, до Белизе е стигнат скриен во транспорт со специјално прилагоден камион, преку Србија и Унгарија (после Табановце белки и со полициска придружба), а потоа… Потоа, по него нема потерница од Македонија, светот ти е в џеб, особено откако ќе посетиш некои банки во Будимпешта! (Колку за по пат, другото секако те чека таму.)

Втората ел-чапо-теорија е подеднакво филмска, иако помалку привлечна: скриен е во еден од десетиците станови со кои располага (под туѓо име) во Скопје, кои се одамна прилагодени за повеќемесечен, анонимен живот во него. Седиш и чекаш. Што да е. Подобро така, отколку во Шутка. Те грее сонцето во Белизе, макар во фантазијата, со мајбах очилата за сонце на нос.

Третата теорија… Смислете ја сами.

До сега, по него никој не трага во Македонија. Ова е правна држава, морало прво да му се врачи в рака решението на судот. Три пати ѕвонеле, го нема. И „Титаник“ се одложи, и таму го нема. И кај мајка му го нема. И во партија го нема. И кај Хорхе го нема (патем, Хорхе е во Париз, со оној си ниша и, по српски ноти, си го слика Вес Мичел како јаде по приеми). Што да правиме, го нема! Формално-правно, човекот си е слободен турист кинисан на пат околу светот…

Па, колкав будала треба да си за да чекаш дома да ти го врачат тоа катиљ-решение?

А кога ќе констатираме дека не може да се пронајде, товарот на вината паѓа врз Заев: пребеган е од Македонија во договор со него! За сумата на парите вие нагаѓајте, иако се спомнуваа некакви 250 милиони. Всушност, доколку навистина исчезне, легендата за Груевски – како за некаков патриотски Робин Худ – само ќе расте, паралелно со хорот на оние кои ќе бараат одговорност за тоа како можел да избега?!

Мицкоски ќе слави: ем „политичкиот осуденик“ имал право да побегне; ем тоа ја докажува неговата теза за „криминалецот Заев(и)“. Две во едно. Избори веднаш, долу со предавничкото, неспособно СДСМ! (Ама само откако ќе се усвојат уставните измени…)

Овие другиве што се на судење, тие ќе заглават долги години на робија, за каузата. Редовно ќе добиваат разгледници од Белизе, исцртани со шарени коктели на база на авокадо и чадорчиња во нив: I wish you were here… итн.

Ви велам јас, како и да излезе, ова е материја за снимање филмови. Бидејќи, ви велам, додека го читате овој текст, големи се шансите сè уште никој да не знае каде се наоѓа Груевски… Загина Шутка за Никола!

 

 


ЗАБРАНЕТО ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ ПРЕД 12 ЧАСОТ

Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share469TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ