• Latest
Добро утро со Орданоски

Грујо-побегујо 007

November 14, 2018
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Грујо-побегујо 007

November 14, 2018 07:25
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Ч[/dropcap]овек малку да прошета низ Скопје, ако знае каде да праша (само немојте во нашите тајни служби или во МВР, тие може и да ве изманипулираат, бидејќи ги фатија комплет „на спиење“), може да дознае еден куп информации за Грујо-побегујо. Се разбира, којзнае дали сите детаљи од моите извори се точни – во принцип, изворите не ми се лоши, ама во тој свет на „искршени огледала“ човек никогаш не знае кој одраз во огледалото е точен – но, вреди нешто од тоа и да се раскаже, “for your eyes only”…

(И, ве молам, откако ќе го прочитате овој текст, да го запалите, бидејќи не смее да падне во рацете на хунтата на Заев!)

Имено, во многу раните утрински часови во саботата, при пребегот кон Србија, на Груевски му помогнале исто-сличните српско-македонски структури кои овде „одработија“ и за настаните од 27 април, а некои од нив се и на платен список на македонската држава. Како и каде ја поминале српско-македонската граница – веројатно некаде „на диво“ – не се кажува. Во Белград Груевски ручал во еден елитен ресторан, а бил под постојана заштита на српските тајни служби.

Потоа, со џип мерцедес, доцна попладнето во саботатата, од Белград пристигнал во хотелот Коринтија во Будимпшта (не се знае дали и пасош му побарале на двете страни од српско-унгарската граница), следени од едно црно пежо 508 од унгарската тајна служба (на кое подоцна ќе му се придружи и ауди А8 од истата служба) и една шкода октавија од полицијата. Пред хотелот во центарот на Будимпешта, некои од придружбата не ни излегле од автомобилите, но ноќевале пред зградата, а Груевски и неколкумина други (веројатно тројца мажи и една жена) земале четири соби во хотелот, не се пријавиле на рецепцијата, а сите плаќања ги правеле во кеш. (Никола, Никола Груевски, облечен во смокинг, вечерта потпрен на шанкот пиел мартини, протресено, не промешано… Добро, добро, признавам, ова јас го измислив, звучи добро!).

Во понеделникот во 10:30 часот Груевски со придружбата го напуштиле хотелот (следени од аудито) и заминале во непознат правец…

Ете што правел Груевски последните месеци: гледал филмчиња со Џејмс Бонд и Џејсон Борн.

Но, очигледно, пребегот на Груевски не бил можен без поддршката што ја добил од делови од европската „автократска интернационала“, на оската Вучиќ-Орбан, бидејќи српските и унгарските тајни служби будно бдееле врз безбедноста и удобното патување на Груевски од Скопје до Будимпешта. Да ве потсетам, тоа е оној Орбан што пред некоја година од Хорхе доби највисок македонски орден „за заслуги за народ“, токму во моментот кога овде се одвиваа истрагите и судењата во големиот случај „Шпион“, во кој десетина лица беа осудени за соработка токму со унгарската тајна служба. И, да ве потсетам, тоа е оној Вучиќ кој доживеа продолжителен нервен слом неделата кога Заев формираше владата во Скопје.

Сепак, уште малку неопходни потсетувања: на 1 ноември, преку портали кои се блиски до ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски – додуша, малку срамежливо – ја информираше јавноста дека имал повеќечасовна средба (наводно, цели четири часа) со Груевски, за тој, Мицкоски, да ги чуе „новите моменти во врска со политичкиот прогон против него и да види како може да му помогне“, особено „за личните моменти во целата оваа работа“ со Груевски. Не се знае колку навистина му помогнал на Груевски, но занимливо, Мицкоски не спомна дека со Грујо разговарале за некакви „смртни закани“ на кои Груевски сега го темели своето барање на политички азил во Унгарија. Но, тоа е последната „официјална“ средба на Груевски во земјава, пред привремено да исчезне…

А на 5 ноември следуваше официјално мислење на Комисијата за заштита од дискриминација во кое, очигледно во подготовка на барањето за политички азил во Унгарија, ќе констатира „директна дискриминација врз Никола Груевски“.

Потоа Орбан ќе има срдечна средба со Мицкоски на состанокот на Европските народни партии на 8 ноември во Финска. Тоа е оној Орбан (според Курир) кој своевремено ќе изјави: „Мицкоски и неговиот тим ќе ги врати Македонците на патот на развојот и ќе им ја врати верата во иднината!“

ВМРО-ДПМНЕ и денеска тврди дека Груевски е „невина политичка жртва“ на хунтата, режимот, бандата на „аболицираниот криминалец Заев“… До сега нема ни збор официјална осуда за кукавичкото бегство на почесниот претседател на ДПМНЕ од таа наша најголема опозициона партија. А и што може да се очекува од партијата и нејзиното раководство кои и настаните од 27 април сè уште ги опишуваат како мали инциденти во кои патриотите биле предизвикани од предавниците, за да влезат и да им ги искршат главите…

Конечно, ќе биде многу интересно да се види како на целиот овој криминално-шпионски трилер ќе реагираат ЕУ и САД? Знам дека линиите кон Будимпешта се вжештени, ситуацијата е тензична и многу непријатна, бидејќи, реално, се руши целата програма за поттикнување на правната држава на Балканот…

Да не биде Орбан на Груевски, сепак, на крајот да му каже: „Извини, Грујо, морално беше!“ – и да ни го врати со брза пошта во Скопје?!

 

 


ЗАБРАНЕТО ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ ПРЕД 12 ЧАСОТ

Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Print Friendly, PDF & Email
Share559Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    151 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ