• Latest

Алтернатива

December 9, 2018

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Превост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025

(ГАЛЕРИЈА)Масакрот во Корјукивка, Украина: Најбруталната казнена акција на нацистите во Втора светска војна

May 8, 2025

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
Фотографија: Wikipedia

Штајнмаер: Со воената агресија на Путин, болно е да се признае дека ослободителите на Аушвиц станале новите агресори

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Алтернатива

December 9, 2018 12:34
in КУЛТУРА, СЛОБОДНА ЗОНА, ЦИВИЛ ФЕСТ
Share on FacebookShare on Twitter

Да се  биде свесен значи да се размислува алтернативно.

Кога се договоривме со Маја и Џабир дека ќе соработуваме и на ЦИВИЛ ФЕСТ кој ќе се случи овој понеделник и вторник, 10 и 11 декември во МКЦ, се договоривме и дека заедно со Ангела ќе бидеме задолжени за музичкиот дел од фестивалот. Добро, се разбира дека и за сѐ останато ќе сме тука, но, акцентот треба да се стави на музичкиот дел. Тоа се очекува од мене и од Ангела. ОК! За почеток јас треба да склопам неколку текстови кои се поврзани за музиката, а кои треба да бидат на некој начин сублимат од музичката алтернативна историска сцена.

Освен да пишувам за тоа како лично јас ја доживеав музиката до сега во мојот живот и како таа влијаеше на мене низ сите овие години, на друго и не можев да се сетам.

И, почнав.

Идејата да имаме рокенрол бенд прв пат се роди кога одевме во седмо одделение, поточно во 1993 година. Иако немавме поим од свирење и што воопшто значи музика, цврсто бевме решени да правиме и ние рокенрол состав како што тоа го правеа поголемиот дел од скопјаните кои беа дел од underground движењето. Во тоа не можеше никој да нѐ разубеди. Марко, Гоксо, Анте и јас првиот состанок го направивме во на Жути подрумот кај Гоксо во влез каде што имаше и опрема за свирење, односно, тоа беше опремата на бендот на Жути. Бубњеви (Амати – жолта боја), две појачала (Маршали) и две гитари. Една ритам и една бас. Не се сеќавам што марка беа гитарите. Бендот на Жути беа металци. Беа, Жути, Ацо и Вања. Седевме во подрумот и гледавме во инструментите. Некако сето тоа ни делуваше нестварно.

Неколку подрумски врати подолу, во истиот подрум, имаше и друг бенд кој правеше проби. Прво сфативме дека пред да почнеме да создаваме ваков звук треба да почнеме да селектирање касети од вокално – инструменталните состави кои беа популрани во тоа време на светско ниво. Од продавницата за касети која се наоѓаше во Т.Ц. Скопјанка, која патем продаваше и маици од сите популaрани бендови, кај мене дома тој топол септември место во полиците предвидени за музика, купени лично од мене заземаа бендовите: ПиЏеј Харви, Алис ин Чеинс, Прл Џем, Соник Јут, Р.Е.М., Терапи и Нирвана. Доминантно алтернативниот бран кој доаѓаше од Сител. Морав да ги преслушам. И ги слушав. Долго, долго. Имав само 12 години. Немав поима за што се работи. Сите ми беа супер, но, она што Нирвана го понуди како звук за мојот вкус беше она што мене најмногу ме интересираше, односно што мене најмногу ми легна на срце. Имињата на бендовите ги пишувам во оригинал, но знам дека уредникот ќе ми ги транскрибира на македонски јазик. Тоа е тоа, драги мои.

Од како ги преслушавме бендовите се собравме сите повторно во на Жути подрумот. Марко веќе имаше научено да лупа на бубњеви, Жути го научил, Госко свиреше прилично солидно гитара, а Анте беше споен на басот. Јас бев фронтмен / вокалот на бендот. Заедно со Марко и ги пишувавме текстовите. Бендот ни се викаше Алсантин – средство за одмрзнување. Кој знае, веројатно сакавме да им ги одмрзнеме замрзнатите срца на сите оние кои не веруваа во нас. Направивме три песни. Во таа 1994 година свиревме два пати во МКЦ. Првиот пат во бифето, она старото, а потоа и на Февруарскиот рок поход. Тоа беше нашето прво стапнување на сцена. Верувам дека од тогаш па наваму за сите нас сѐ се смени. Ни се смени животот. Денес, секој од нас се занимава со некоја јавна работа. Кој знае, можеби тоа и пресуди? (само за Анте, ниту знам каде е, ниту со што се занимава?) Јас во таа половина година од како влеговме во тој начин на живеење станав огромен фан на Нирвана. Не постоеше кoнцерт, ниту пак компилација, а да ја немам. Успеав да го најдам дури и последниот концерт во Рим, каде што ја свират и Ин блум. Сето тоа на касети.

Почетокот на месец април истата таа 1994 година на MTV (Music Television/Музичка телевизија) јавија дека умрел Курт Кобејн, фронтменот на составот Нирвана. Тоа за мене беше шок. Беше првото соочување со смртта на некој кого го сметам за некој кој треба да ме води низ животот што се однесува до сценскиот израз и начинот на живеење. Имаше само 27 години. Неговата смрт тектонски го промени светот буквално преку ноќ. Повлече неколку генерации со себе да веруваат и да го следат неговиот израз и начин на живот, кој, тој, како алтернативен артист го испраќаше од сцената, а и низ сите останати форми на израз каде и да се појавеше. Неговото „агресивно“ однесување на сцената за време на концертите, а при тоа изговарајќи ги сите оние емотивни текстови кои се во песните на Нирвана имаа за цел да испратат силна порака за тоа во каков свет живееме и против што задолжително треба да се бориме. Тој докажа дека алтернативниот израз е можеби и клучното решение и излез за една свесна младина, а и не само младина, туку и за сите оние кои веруваат во алтернативата како правец и низ сопствениот пристап ќе го одржуваат во живот изразот кој секогаш е решение за оние кои сметаат дека се обесправени и немаат можност да се изразат како што заслужуваат.

Според некои експерти тој е последната вистинска рок икона, се разбира после Хендрикс, Морисон, Меркјури, Џоплин … кои исто така починаа на истата возраст.

Со многумина имав долги расправии околу тоа дали Нирвана ја испраќаат оваа порака за која јас гласно уште тогаш говорев. Некои не се согласуваа со мене се додека не се појавија необјавените материјали на составот од Сиетл меѓу кои е и „Ги знаеш своите права“ („You know your right“). А, за целосно да се докаже тој сценски пристап неколку години подоцна тапанарот на Нирвана го оформи својот нов вокално – интрументален состав Фуфајтерс каде што се јавува во улоата на фронтмен и гитарист. Фуфајтерс е бенд кој испраќа силна порака за подигање на свеснота на социјално – општествениот живот. Нивниот алтернативен начин на размислување го докажаа и кога прифатија да свират во Италија, во Чезена кога преку видео линк беа повикани од илјада италијански млади рокери – нивни фанови да дојдат и да отсвират концерт за нив. Тие тоа го направија без никаков проблем.

Во меѓувреме, додека растевме со звукот и начинот на живеење кој ни го наметна Кобејн, се разбира почнавме да гледаме и од страна што се случува, нормално, како и секој друг млад човек и јас се интересирав повеќе и повеќе. На голема врата во мојот живот влезе и британскиот бран кој и тоа како силно влијаеше во мојот живот:

Секс Пистолс, Клеш, Битлс, Ролинг Стоунс, а малку подоцна, некаде околу 1999 година се појавија и Ирците У2, кои и тоа како оставија силен печат кон целокупната светска јавност со својата граѓанска ангажираност поддржувајќи ги и борејќи се за сите оние маргинализирани групи на социјални општества низ целиот свет. Гласно говореа и се бореа против војните и на овие наши простори, кои не зафатија некаде пред крајот на 20 век. У2 ја отпеаја и онаа нивна легендарна „Недела, крвава недела“ („Sunday Bloody Sunday“), нумера која раскажува за болката која им ги раскина душите и на Ирците и на северно Ирците во оние ужаси кои се случуваа по улиците на Белфаст.

Потоа на 2 јули, 2005 година се случи веројатно најголемиот синхронизиран музички настан на сите времиња, се разбира со акцент на граѓанскиот активизам. Музичкиот настан „Лајв 8“ кој беше контра удар на политичкиот состанок во Јужна Африка Г8.

„Лајв 8“ беше во организирација на еден од најголемите светски граѓански активисти г – динот Боб Гелдоф.

„Лајв 8“ беше поставен низ повеќе градови низ целиот свет: Јоханесбург – Јужна Африка, Лондон – Англија, Единбург – Шкотска, Берлин – Германија, Москва – Русија, Филаделфија –САД, Бари – Канада, Париз – Франција, Рим – Италија, Чиба – Јапонија.

На „Лајв 8“ во Лондон, промоција на својот нов албум, односно нa една од најубавите песни во последниве неколку години именувана како „Фикс ју“ („Fix You“) од албумот „X & Y“ имаа и веројатно последниот, барем сега за сега ангажиран активистички вокално – инструментален состав – Колдплеј. Низ нивната МТФ (Make Trade Fair/Движење за фер трговија) акција, односно кампања тие го обиколија светот со својата музика за да ја испратат пораката за еднаквост, слобода и правда.

Нашата борба за СЛОБОДА. ЕДНАКВОСТ. ПРАВДА. која ќе ја поставиме на ЦИВИЛ ФЕСТ е само засилување на и онака веќе забрзаниот граѓански активизам кој ЦИВИЛ го диктира низ сите овие изминати 19 години постоење. Тука нема да застанеме, напротив, ќе бидеме уште поагресивни во создавањето подобро утре за сите, како што тоа го правеше и Курт Кобејн, агресивно, а сепак мирољубиво, како што тоа го раскажа Боб Гелдоф на „Лајв 8“, ние ќе се обидеме секоја година да носиме повеќе и повеќе ангажирани вокално инструментална состави и да го кренеме нивото на нашиот настан кој, патем ќе биде посочуван како место каде што секој ќе може да ја раскаже својата приказна без при тоа да има било какви бариери.

Нашата цел е алтернативците да се одважат и истапат чекор понапред.

Нашата цел е да бидеме дел од промената.

Да бидеме Цивили(зирани).

Војо Цветановски

 

Print Friendly, PDF & Email
Share72Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ