• Latest

Устав, кечап и мајонез

December 25, 2018

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Устав, кечап и мајонез

December 25, 2018 10:41
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Кога сендвичот е лош и саламата е расипана, кога нема, но и кога има зелена салата, на пица што секогаш подразбира домати, сепак, се става кечап и мајонез. Во празен сендвич. Во полн сендвич, особено оној со стар помфрит… Секогаш се става кечап и мајонез, да ги задуши сите вкусови и да му даде на сендвичот неодреден вкус и мирис, што потоа остава впечаток дека стомакот е полн и ја убива желбата човек да се движи. Единствено можно, по сендвич или пица со кечап и мајонез, е да се дремне. На час, на работа, среде безработица, во животот скратен поради глупостите, сопствени и туѓи…  

Џабир Дерала

Со целосно разбирање за желбите, идеите, апетитите, плановите, заговорите, инерцијата, недоразбирањата, стравовите (оправдани и неоправдани), незнаењето и сѐ друго што ја придружува политиката – ја следам расправата за измените во македонскиот устав. Тоа што произлезе од потребата за спроведување на историскиот договор меѓу Македонија и Грција, сега е еден празен сендвич во кој има многу кечап и мајонез. Домашен, со делумно увозни состојки…

Од претходните верзии и во идната верзија на Уставот гледам дека политичарите се небрежни, себични и прилично ограничени. Уставот не е историско-туристичка разгледница, уште помалку миш-маш со кечап и мајонез, туку фундамент врз кој се гради животот на државата и општеството, но тоа веќе го има во учебниците за основно образование.

Ваква, каква што е нашата Македонија, има потреба од Устав во кој не се остава ни трошка простор за непосредно или посредно делење на луѓето по етничка основа, по која едните се „поеднакви“ од другите. Како што ми се чини, дискриминацијата може да најде свое засолниште токму во документот што се создава за да ја гарантира еднаквоста.

Па и со најдобри намери, некогаш може да се стаса до портите на пеколот. Така, ако веќе се „отворил“ Уставот, зошто да не се вметне уште едно зборче, параграфче, ставче, членче, за историјата да каже дека некој влегол и се прошетал низ него, макар и гол. И во таа прошетка, на сјајниот под да се остават флеки од кечап и мајонез, за потоа гадинките да се нагостат од стврднатите дамки.

Никому не му текнува дека Уставот е премногу машки, дека не ја гарантира родовата еднаквост (на пример). Колку и да се трудат да го замаглат тоа, дел од политичарите (оние што тврдат дека говорат во име на различните племиња што виреат тука) напнуваат за „заштита“ на „нивните“. Се разбира, двете племиња што доминираат се најгласни.

Читате до овде и сѐ уште не разбирате што сакам да кажам, да викнам, да се провикнам? Ајде, со ред… (Повеќето од ова што следи веќе го имам кажано на првата јавна расправа за уставните измени, во одвратната, кичеста „свечена“ сала на владата.)

Во време на извонредно изострени етнички чувства, можеби ќе звучи како донкихотовски обид, но очекувам, кога веќе се промовира концептот на едно општество, да се креира Устав што тој концепт и ќе го отсликува и ќе го гарантира. Уставот не смее да креира едно општество за сите етнички заедници, туку едно општество за сите граѓанки и граѓани. Сакам да живееме во држава во која Уставот ги третира граѓанките и граѓаните како еднакви, суверени сочинители на оваа држава по секоја основа што може да се замисли. Очекувам од политичарите и великите умови да создадат основа, а не рамки и огради(!), за сите облици на општествено дејствување, здружување и живеење за кои знаеме денес, но и тие што ќе се појават во иднина. Устав што блеска од максимално почитување на човековите права и слободи!

Етничките заедници се само еден од идентитетите што постојат во едно општество. Во него се раѓаат и многу други идентитети, во една жива и шарена динамика. Во Уставот мора да се види, почувствува и гарантира дека подеднакво се важни и заштитени граѓанките и граѓаните кои не сакаат да се врзуваат со етнички или верски заедници или било какви други колективитети. И тие мора да имаат простор, права и слободи да развиваат, создаваат и напуштаат идентитети, а за таквото нешто да не бидат под социјална пресија, осуетени, дискриминирани, па и казнувани. Уставот, каков што е сега, го овозможува сето тоа.

Македонскиот устав сега е документ на етничките заедници со паралелни истории и убедувања кои, ете, се нашле на едно парче земја за кое веруваат дека им е стеснето поради „другите“. Накратко, овој Устав ги штити сако колективитетите и тоа само по етничка основа. И тука завршува целата приказна. Останатите се туѓинци во оваа земја. Ако сте приврзаник на индивидуализмот, ако доаѓате од или сте во мешан брак, ако сакате поинаку да живеете и изразувате – вие сте туѓинци, валкани туѓинци.

„Оваа земја, сега што ја чекорам, оваа земја, која пролетен ветер ја буди, оваа земја, не е моја земја, оваа земја, простете, е туѓа.“ – Никола Вапцаров.

Пријатен (не)уставен ден ви посакувам…

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Авторот го нацрта: Игор Стевковски

Илустрација: Chidi Okoye – “Graceful Dance”

Share12TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ