• Latest
Добро утро со Орданоски

Загубена невиност

December 28, 2018
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Загубена невиност

December 28, 2018 06:58
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]Ф[/dropcap]антазијата што се обидува да ни ја продаде новогодишната оптимистичка пропаганда на Владата, дека 2019 ќе била „Година на Економијата“, нема никаква основа во реалниот македонски свет во којшто живееме. Напротив, постојат сите изгледи дека бројните отворени политички прашања од 2018 година само ќе се пренесат и најверојатно ќе се продлабочат во 2019: од губењето време со „хартиените“ реформи и распадот на обидот за правна држава, до реалната можност за пропаѓањето на претседателските избори, што ќе нè воведе или во неопходност од уште едни вонредни парламентарни избори – па, што биде-биде, а да биде ништо нема! – или во нова уставна криза чие дно ќе го бараме со сонар по длабочините на Бајкалското езеро.

И тоа под претпоставка дека Преспанскиот договор успешно ќе се спроведе и од грчка страна, за да отпочне ратификацијата за нашето членство во НАТО. Дополнително што новиот состав на Европската комисија, по европските парламентарни избори во мај, најверојатно ќе стави точка на можноста за западно-балканско проширување на она што ќе еволвира во некаква нова, којзнае каква Европска Унија, на работ од конзервативна, десничарска хистерија.

Од друга страна, не знаеш кој од лидерите и партиите на македонската политичка сцена има повеќе проблеми: дали Заев, чија поддршка во јавноста, во најдобар случај, е преполовена и сведена на општ натпревар по социјалните мержи за тоа кој ќе смисли подобра дупешка за неговото хаотично водство на земјата; дали Мицкоски, кому бројните опоненти во десетината зомби-фракции во и вон ВМРО-ДПМНЕ, власта тукушто му ги оживеа од мртвите, а кои сите би сакале со него да ги наранат крокодилите во мочуриштето на вмровската партиска политика; или разно-разните албански партиски лидери, кланови, маалски банди и етно-мафијашки формации, предводени од ДУИ и Али Ахмети, за кои, чиниш, единствениот натпревар се сведува на тоа кој ќе истрча 100 метри под десет секунди до Буџетот на државата на локално и државно ниво, за да ја собере златната тендерска медала…

Општо земено, превладувачкото чувство е како утрото по вечерта кога, малку поднапиени, сте ја загубиле невиноста: тој што тоа ни го направи се колне дека нема да му се повтори. Е, нема. За нас, вљубени во балансот помеѓу правдата и мирот, после овој секс, никогаш ништо повеќе нема да биде исто. Со тој скинат химен, да не кажам љумфер, ќе мора да се научиме да живееме.

Еден пријател, кој се занимава со истражување на јавното мислење, вели дека во текот на вчерашниот ден направил брза телефонска анкета за да ги сондира ставовите на граѓаните по повод најновите случувања врзани за „националното помирување“ помеѓу елитите на власта и опозицијата… Резултатите што ги добил ги потурил со бензин и ги запалил, заедно со хард-дисковите од компјутерите со податоците од анкетата. Ова ми го раскажуваше вечерта по телефон, од аеродромот во Истанбул, на преседување на лет за Јемен. Вели, доста му е песимизам, сака малку да се одмори во земји со посветла перспектива. Од Јемен ќе заминел за Дарфур, во потрага по подобра инспирација од оваа во Скопје.

Но, факт е дека не треба да се претерува со песимизмот, бидејќи секогаш може да биде и полошо. На пример, да мораме да му се извиниме на Хорхе што, кога пред две години ги аболицираше овие што денеска ги амнестираме, не му признаваме дека беше визионер. А и тој тогаш, ако памтите, зборуваше за помирување, како што денеска тоа го пелтечи и Заев. Само што Хорхе со таа аболиција тогаш сакаше од затвор да ги спаси криминалците од режимот на Груевски, а ние денеска со амнестиите… Добро, де, не е ни важно кој што сакал, важно е да се движиме напред и да има јадење, пиење, тие три работи!

Сепак се лајносавне.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Авторот го нацрта: Игор Стевковски

Share630TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ