• Latest

Општина Гевгелија останува против отворање на рудници на нејзина територија

January 9, 2019

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Општина Гевгелија останува против отворање на рудници на нејзина територија

January 9, 2019 14:40
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд одлучи во корист на компанијата „Резервоар минералс Македонија“ ДООЕЛ Скопје, која во 2013 година ја доби концесијата за вршење на детални геолошки истражувања на Кожуф, на сметка на одлуката на Советот на Општина Гевгелија за изградба на рудиниците на нејзина територија. 

,,Уставниот суд на Република Македонија донесе Одлука со која го оспори правото на изјаснување на граѓаните за една ваква важна тема. Но, треба да ни биде јасно дека никој не може да порекне дека локалниот референдум, сепак, се одржа на 23 април 2017 година и дека истиот испрати јасна порака, која ни создава политичка и морална одговорност. Впрочем, пораката која ја испратија граѓаните веќе изврши свое силно влијание и кај централната и кај локалната власт, а истовремено го подигна нивото на еколошка свест кај сите општествени чинители. Во текот на 2017 и 2018 година имаше и други обиди од страна на некои приватни инвеститори да вршат или да продолжат да вршат детални геолошки во општина Гевгелија, но Владата на Република Македонија, Советот на општина Гевгелија и јас како градоначалник дадовме  негативно мислење по однос на истите. Во сите мои контакти со компании кои се заинтересирани да инвестираат во општина Гевгелија потенцирам дека нашиот локален економски развој се базира на принципот на одржлив економско-еколошки  развој при што економскиот развој не смее да биде на штета на животната средина, како и на животот и здравјето на луѓето… Оваа порака е наменета за досегашните и за идните функционери, кои треба да внимаваат што потпишуваат. Бидејќи грешките направени во 2013 година се провејуваат и во 2019 година“, изјави Сашо Поцков, градоначалник на Општина Гевгелија по повод Одлуката за поништување на Одлуките на Советот за распишување на референдумот.

Општина Гевгелија претходно ја оспори и надлежноста на Уставниот суд затоа што одлуките кои ги оспорува иницијаторот се конкретни акти кои не содржат општи норми на однесување и воопшто не уредуваат односи на општ начин туку според својата форма спаѓаат во категоријата на правни акти кои имаат поединечен каратктер односно уредуваат еден единствен случај, одржувањето на референдумот на локално ниво со што нивната примена се исцрпува еднократно.

Б. Ј.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ