• Latest

Договорот од Преспа чека ратификација и од грчката страна

January 14, 2019
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Договорот од Преспа чека ратификација и од грчката страна

January 14, 2019 16:16
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Договор од Преспа 

Грчкиот премиер Алексис Ципрас му честиташе на македонскиот премиер Зоран Заев за одобрувањето на уставните амандмани потребни за промена на името. Тој ја изрази и неговата волја да се бори за договорот во грчкиот парламент.

„Дозволете ми, во овој момент, за првпат по Договорот во Скопје, да му честитам на премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, за храброста што ја покажа од самиот почеток до крајот на овој процес“, рече Ципрас.

Оставката на грчкиот министер за одбрана Панос Каменос и ставот на Независни Грци да не го гласаат договорот од Преспа, само за кратко внесоа немир кај политичката елита во земјава. Премиерот Ципрас, кој побара да се гласа за доверба на неговата влада, неофицијално има обезбедено мнозинство во парламентот, што би значело дека ќе го преживее гласањето за доверба и ќе се изгласа решението за името. Тоа, според најавите, треба да се случи кон крајот на месецот со што завршува најголемиот дел од обврските по Преспанскиот договор.

Комисијата за политички систем ја прифати иницијативата на Тодор Петров, за собирање потписи за распишување на нов референдум за името, со прашањето „Дали сте за Република Северна Македонија?“,  со 8 гласа „за“ и еден воздржан.

„Со измената на Уставот со амандманот 33 направен е обид за промена на името согласно со спогодбата Димитров-Коѕиас која де јуре не постои“, рече Петров.

Според него иницијативата е уредна, покрената на предлог на 179 граѓани и ги исполнува сите услови согласно Законот за референдум.

Претседателот на Собранието треба да даде мислење ако иницијативата на Петров е уредна, откако ќе ја извести ДИК и подносителот има рок од три месеци да собира потписи.

Најдоцна до 2024 година во личните документи на граѓаните ќе стои новото име „Република Северна Македонија“. Со новите амандмани во нив ќе биде наведена и етничката припадност на малцинските заедници во државата.

Најдоцна во рок од пет години откако ќе биде ратификуван Договорот за името во грчкиот Парламент, граѓаните ќе треба да си набават нови лични документи и нови ознаки на регистарските таблички за нивните возила.

СЈО

Во Кривичниот суд од утре продолжуваат судењата на СЈО, каде за неделава се закажани вкупно пет нови рочишта за случаите „Тендери“, „Т.Н.Т“, „Транспортер“, „Монструм“ и „Насилство во општина Центар“.

Предметот „Талир“ оформен по одобрен обвинителен акт на СЈО, со АКМИС системот е распределен кај судија Осман Шабани, информира денеска Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

Судијата Осман Шабани ги води предметите „Титаник“, „Топлик“ и повторената постапка за „Монструм“.

#Перспективи2019

ЦИВИЛ Медиа продолжи со објавување на серија интервјуа и текстови со кои ја рекапитулира политичката и општествената реалност на годината што изминува и се обидува, преку разговори со избрани експерти и јавни личности да ги открие перспективите на претстојната година.

Пред јавноста сега е новиот серијал „Перспективи 2019“ во кој за сега може да ги погледнете ставовите на Розета Трајан, Мирјана Малеска, Мерсиха Смаиловиќ, Мирјана Најчевска, Хусеин Адеми, Марта Гусар, Фатон Алити и Сашко Попоски.

А. Петровска

 

Share2TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ