• Latest
Добро утро со Орданоски

Историјата е испишана

February 7, 2019
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Историјата е испишана

February 7, 2019 07:14
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]К[/dropcap]ога во 2008 година „за влакно“ не го избегнавме грчкото вето за македонското асоцирање во НАТО, на самитот во Букурешт ми пријдоа десетици колеги, познати и непознати, експерти и дипломати, мене – еден од присутните Македонци таму, вон официјалните состави на делегациите – да ми изразат искрена поддршка и жалење за однесувањето на нивниот грчки сојузник во НАТО.

Денес, десетина години подоцна, пет-шест мина од тогашното букурешко дружење, ми испратија пораки и поздрави за приемот на Македонија во НАТО – еден од нив ми порачува, „Браво, историјата е испишана!“.

Се чини дека важноста на потпишувањето на протоколот за прием на Република Северна Македонија во НАТО нашите пријатели вон Македонија многу подобро го сфаќаат од многумина овде. Една голема национална аспирација е остварена, дотолку поважно поради несигурните времиња во кои живееме дури и на Стариот континент, а не пак во светот. Што и да мислите за Северно-атлантската безбедносна алијанса, како и да го проектирате нејзиниот опстанок, колку и да сте задоволни или незадоволни од поединечни нејзини членки – нам „газот“, фала на прашање, сега ни е покриен!

Дури и локалниве политички „керови“, кои направија сè што беше во нивна моќ до нашето членство во НАТО да не дојде, сега се растрчани да честитаат и да наздрават, макар и со фуснота за промената на името, за да бидат видени овде и онде каде што е важно да се биде за да се обезбеди барем сенката да им влезе на фотографиите кои еден ден ќе сведочат за тоа кој и како ја пишувал оваа историја. Па и оној побегнатиот, па забеган во Будимпешта, како Бонапарта од егзилот на Св Елена среде Атлантикот, мисли дека треба нешто да каже – ќе пишувал некаква нова парадигма за тоа како требало борбата да продолжи, во услови на македонското членување во НАТО. Гатала бабата да нема мраз, а изутрина снег до колена.

Туку, да си кажеме верно, оваа работа без упорноста на Заев и без вештината на Димитров немаше да ја биде. Тие двајцата се најзаслужни за тоа што сега се случи, иако и пред нив многумина газеа по таа козја патека во надеж дека ќе се искачат до врвот. Тие двајца, по име и презиме, ќе се запишат во историските читанки. Хорхе, пак, ќе се чита во учебниците по музичко, во лекциите за народниот инструмент шупелка.

Сепак, Шекеринска ја даде клучната политичка квалификација за она што го означува нашето пристапување во НАТО: „Се наоѓаме на влезот на иднината“, мудро вели таа. Баш така: да влезеш е подобро отколку да мрзнеш надвор, но од влезот до првите редови во салата каде што се дава претставата има уште многу скали да се качуваат.

Со Македонија во НАТО, на Балканот завршува една триесет годишна епоха започната со распадот на Југославија. Со нашиот влез во Алијансата, НАТО го „пломбира“ своето јужно крило, зацврстувајќи ја својата безбедносна цитадела што сега поцврсто се протега по копно од Црното Море до Јадранот. Следното што ќе се решава е српско-косовскиот проблем, во постабилно окружување и со Преспанскиот договор – тоа е оној меѓународен контракт што вмровците еднострано ќе го поништеле кога ќе дошле на власт – како модел за решавање и на тој конфликт. Босна е за крајот.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Авторот го нацрта: Игор Стевковски

Share457TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ