• Latest
Добро утро со Орданоски

Случај „Империја“: Како е кубена кокошката Македонија?

February 13, 2019
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Случај „Империја“: Како е кубена кокошката Македонија?

February 13, 2019 07:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Д[/dropcap]еталите коишто деновиве ги објави СЈО за предметот „Империја“ говорат за неколку димензии суштествени за понатамошни анализи на феноменот на тнр. „Портокалов грабеж“ на Македонија…

Најнапред, оваа детална обвинителско-криминалистичка истрага од страна на СЈО, така како што е соопштена во јавноста, е, всушност, помалиот дел од приказната за тоа како финансиски е „испрана“ Македонија во последните две децении. Разоткривањето на шемата за обемните турај-претурај и внеси-изнеси операции, по дома и низ странство, за избегнување милионски суми на данок и за перење пари со кои, потоа, се правеле уште поголеми пари кои повторно се переле за да се избегне данок и да се употребат за нови перења на пари… и така до недоглед… значи, целата претставена шема веројатно не надминува ни 5-10 отсто од големината на сомнителните операции кои со години се „тркалале“ низ сметките и џебовите на вмешаните. На пример, само ако се чепне Бугарија како дестинација на големи средства од „императориве“ (или „империјалистиве“?), СЈО би можело да се забавува уште барем неколку години. Во „Империја“, за сега, осомничените се товарат за нелегално испрани десетина милиони евра – познаници на некои од нив ми велат дека овие веднаш би понудиле да вратат 50-100 милиони, ако тоа го „затвора“ проблемот за којшто се гонат!

Понатаму, во претставената шема на СЈО до сега најјасно се гледа симбиозата помеѓу тајната служба и сомневањата за валканиот бизнис, и тоа не само заради имињата на првоосомничените Мијалков и Камчев, туку и заради целата спирала на тие односи во кои се вклучени повеќемина со официјализиран или узурпиран пристап до сензитивни податоци во кои само една држава би можела да има дискретен увид. Оваа група на осомничени се веројатно кадровската срцевина која ја „ораше“ македонската бизнис и државна „буџетска“ сцена; на нив ако ја додадете и дил-ориентираната партиска екипа на Груевски (опфатени во десетина други обвиненија на СЈО), оние што ќе останат (со неколку видни исклучоци, сепак) се, повеќе или помалку, обични подизведувачи и „гребатори“ кои дрпнале по некое милионче, за сега да се плашат на секое ѕвонење на влезната врата каде што живеат. Тие се и главните „соговорници“ на СЈО, раскажуваат детали за тоа како со години е „кубена кокошката“, во надеж дека ќе си го спасат тоа милионче што „паднало од масата“ додека на неа се делеле многу поголеми милионски суми.

Сега станува сè појасно и тоа дека мастермајндот на „бизнис преродбата“ на претходната власт е г. Орце Камчев. Барем за општата јавност, Мијалков беше оној кој долго време е во центарот на сите озборувања за криминалите. Но, се чини дека тој, во еден кицошки стил, ги обезбедувал „мускулите“ и заштитата од прогон на опишаните (и неопишаните), наводни, криминали. Мозокот, сепак, бил Камчев.

Луѓето кои добро го познаваат – а такви има многу низ Скопје, бидејќи, кој од мака, кој од мерак, морале или сакале со него да преседат стотици кафеански пладневни и полноќни баханалии по кои овој бизнисмен беше познат во јавноста – велат дека Орце Камчев поседува извонредно високи дози на интелигенција, на бескрупулозност и на алчност кои кај него се во перфектно избалансиран микс за водење бизнис во држави каква што е Македонија. Има, велат, во таквиот негов несомнен талент и наследени гени по мајчинска и по татковска линија, но тој предаторски инстинкт за „намирисување“ деловна „крв“ е оригинална „заштитна марка“ на Јордан, викан Орце.

Би можел да биде опишан како скопска, евтина варијанта на незаборавниот лик на Гордон Геко (Мајкл Даглас) во оскаровскиот филм „Волстрит“, кој лаконски објаснува дека „алчноста е добра, бидејќи парите никогаш не спијат!“…

Другото кај оваа обвинета дружина е забегана декаденција со многу секс, дрога и алкохол, скапи автмобили и врзани јахти, за што би можеле да се напишат неколку тома рото-романчиња. А и самите актери во опишаните кривично-правни настани од страна на СЈО можеби ќе имаат доволно време за мемоаристичка продукција, со оглед на тоа што им се закануваат многу долги години затворски казни.

Сега станува и појасно зошто се толку големи и дрски напорите на разни Превари да му се ограничи работата на СЈО. Дојдено е ова Обвинителство до јадрото на една голема, долгогодишна, добро организирана криминална операција која среде бел ден, секојдневно, се одвивала во Македонија. Ако сега не се сопре, СЈО би можело да раскаже уште многу приказни за тоа како бевме ограбени, а во тие криминални наративи ќе се најдат разни „адвокати на Ѓаволот“ кои си ги омрсиле мустаќите. Трагите на СЈО, несомнено, водат и до нив.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Авторот го нацрта: Игор Стевковски

Share739TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ