По повод Светски ден на социјална правда неизбежно е да се постави прашањето – Во каква социјална држава живееме? Одговорот е очигледен, сиромаштија има во секоја пора од општеството.
Граѓаните најлесно се манипулираат и лажат за време на изборна кампања. По завршување на изборите тие се жалат дека за нив никој не се интересира. Таков е случајот со едно семејство од Пробиштип кое пред камерата на ЦИВИЛ сведочеше дека едвај преживуваат и дека политичарите се сеќаваат на нив само кога им требаат гласови.
Сведоци сме на систематското и континуирано кршење на човековите права и слободи, и покрај обидите, во краток временски рок, да се подобрат работничките права, да се вдомат бездомниците, да се намали сиромаштијата, да се реформираат синдикатите…
Заклучокот од теренската работа на ЦИВИЛ е дека граѓан(к)ите едвај преживуваат или се заглавени во долгови, а извршителите секојдневно им дишат во врат! Во продолжение видете го видеото што го направи екипата на ЦИВИЛ Медиа – компилација од животни стории на тема социјалната (не)правда:
ЦИВИЛ бара бескомпромисна заложба за социјална правда и ги охрабрува сите граѓанки и граѓани на Македонија да говорат храбро и слободно и да ни се придружат во бескомпромисните заложби за човечност, достоинство и солидарност!
Д.М.