• Latest

Гласавме „за подобар живот“, за сега да преживуваме од депонија!

June 5, 2017
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Гласавме „за подобар живот“, за сега да преживуваме од депонија!

June 5, 2017 11:20
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Гласавме за ВМРО-ДПМНЕ и за Никола Груевски, бидејќи ни беше ветено дека ќе имаме подобар живот, вработувања и покачување на социјалната помош, но наместо тоа, тие ни ја укинаа социјалната помош, бидејќи собираме шишиња за да преживееме“, со солзи во очите вели за ЦИВИЛ Медиа една жителка од пробиштипската населба Драч, која што ја затекнавме како собира отпадок со нејзиното повеќечлено семејство во депонијата која е одалечена два километра од Пробиштип.

Друга соговорничка за ЦИВИЛ Медиа вели дека гласала за Груевски бидејќи бил на власт!

„Кога отидов кај нашиот градоначалникот Тони Тоневски, за кого и гласавме, да го прашам што документи треба да извадам за да добијам парична помош за трето дете, тој не ме ни прими. Кога седнал на таа своја красна фотелја, не ме ни познава“, вели граѓанката која се чувствува изреволтирана и изманипулирана .

Целото семејство, вклучувајќи ги и малолетните деца, секој ден пешки доаѓаат од Драч до депонијата во Пробиштип, за да собираат пластични шишиња кои потоа ги продаваат во најблискиот отпад.

„Три дена собираме шишиња, за да може да земеме околу 600 денари, за да имаме колку за леб, колку да преживееме… Политичарите те сакаат само кога треба да гласаш за нив, откако ќе седнат на столче не те е….. веќе“, резигинирано вели еден од соговорниците.

 

Горан Наумовски

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Ермин Климента

[divide]

Репортажата/сведоштвата се дел од проектот Општество без граници, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Целта на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за Граѓанската повелба, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување

Tags: депонијаНикола ГруевскиПробиштипсиромаштијаТони Тоневски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ