• Latest
Добро утро со Орданоски

ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ го обновија меѓусебниот завет

February 26, 2019
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ го обновија меѓусебниот завет

February 26, 2019 07:59
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]З[/dropcap]ошто им е пратеничкиот имунитет на Трајко Вељановски толку значаен на ДУИ за, во 24 часа, да ризикуваат траен пад на поддршката кај своите драстично проретчени поддржувачи за дополнителни десетина проценти? Што е тоа со што им се заканил Вељановски, за овие да мораа да испорачаат вакво сопствено брукање на какво што се изложија со неговото спасување од притвор?

Али Ахмети мора да проценил дека скандалот со парламентарната операција за спас на Трајко мора да е помал од компромитацијата што би настанала доколку бившиот еднодецениски претседател на Собранието ја оствари заканата со тоа што би ѝ го соопштил на јавноста за ДУИ. Се разбира дека се работи за некакви криминали – камон, ДУИ е во прашање – но, може ли тие да се од „обичен“ бандитски карактер (некој дрпнат милион ваму-таму) или се работи за уште поделикатна материја за која Вељановски пуштил поздрав дека ќе проговори?

Во јавноста веќе се спомнаа трагедиите кај „Смилковско езеро“ и во „Диво насеље“ за чии околности Вељановски, и по сила на своите некогашни службени овластувања, сигурно знае многу повеќе детали од оние што ѝ се познати на јавноста. Во многу од шпекулациите за тие мрачни епизоди од владеењето на претходната власт, ДУИ богато е имплицирана.

Но, јас мислам дека Вељановски можеби алудирал и на нешто поново…

На тој список се наоѓаат обвинувањата на Села: дека поединци и структури на ДУИ се, всушност, соорганизатори на настаните од 27 април, што директно ја прави преговарачката позиција на Вељановски за сопствен спас кај ДУИ многу моќна. Имено, кога е веќе осомничен како еден од организаторите на тие случувања, Трајко би можел на обвинителите кредибилно да им раскаже детали за кои ни Обвинителството не е свесно или нема доволно докази и сведоци за да го прошири обвинението. Евентуалното такво сведочење на Вељановски ќе мора сериозно да се земе предвид, а тоа трајно би ја потопило ДУИ, како кога цигла ќе фрлите на дното во Дебарско Езеро.

Од друга страна, мене ми паѓа на памет и бегството на Груевски. Ем надлежните од СДСМ за тоа упорно молчат како „шкопени говеда“, веројатно штитејќи „повисоки“ државни интереси; ем однесувањето на власта во Тирана со комичниот изговор дека „автоматски“ се избришани снимките од преминот на Груевски во Албанија точно би можело да се објасни со потребата да се заштити кредибилитетот на ДУИ, доколку на тие снимки има поединости за нивно дефинитивно компромитирање.

Бидејќи е ДУИ во прашање, ништо од ова не звучи неверојатно. Напротив, за жал, никој не би се изненадил од таквиот развој на настаните. Моралната супстанца во ДУИ е со големина на камче заглавено во уринарен тракт.

Со ваквата постапка во Собранието, де факто, ДУИ го обнови својот завет со ВМРО-ДПМНЕ. Не вреди овде повторно да се троши простор и време за објаснување на сијамскиот карактер на сојузништвото помеѓу тие две партии. Тие се судени една за друга… за да избегнат да бидат судени одвоено.

Тоа ги опфаќа и обврските околу претстојните претседателски избори, во кои ДУИ е најлошиот можен партнер за СДСМ. Заев мора да размислува дека можеби без ДУИ ризикува изборите да пропаднат; но со ДУИ ризикува да ги загуби. Ако Ахмети мора да го спасува Вељановски на ваков очигледно срамен начин, зошто би му помогнал на СДСМ „консензуално“ да ги добие претседателските избори?

Овие прашања не се злонамерни, туку логични. Бидејќи каменот секогаш доаѓа од блиску.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share960TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ