• Latest
Добро утро со Орданоски

Силјановска не ѝ верува на Давкова

March 12, 2019
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Силјановска не ѝ верува на Давкова

March 12, 2019 07:57
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]С[/dropcap]илната партиска прегратка во која Мицкоски ја има стегнато својата претседателска кандидатка уште пред претседателската кампања и да започне, ризикува да ѝ ги скрши сите нежни политички ковчиња на Силјановска-Давкова. Мицкоски решил до крај да ја исцеди за потребите на својата, најголема, фракција во главната опозициска партија, па Силјановска-Давкова ќе мора да ја одработи агендата за зацврстување на легитимноста на неговата претседателска позиција, проект што самиот тој го процени на освоени 500 илјади гласови.

Сите знаат дека тоа е претерано, но дали и 350 илјади е достижна изборна цифра? И дали таа бројка обезбедува лидерска консолидација на Мицкоски во партијата?

Таа веќе е прогласена за претседател, бидејќи секаков друг изборен резултат ќе значи дека изборите не биле фер и демократски. Професорката, пак, ужива во започнатиот претседателски мандат. Гласањето ќе биде формалност.

Жената која на своето моминско презиме Силјановска го додала презимето на сопругот Давков, не се согласува со додавката Северна пред Македонија. Останала без идентитет. Со Северна, не со Давкова, бидејќи Силјановска е за Македонија, а Давкова е нешто како Северна, што значи дека идентитетот се дефинира со додадената северност, а не со родната Македонија.

Но, темелот врз кој почива нечиј идентитет е длабоко интимно прашање и му нема помош, освен респект, на оној кој се чувствува дека го загубил. Но, со оглед на политичката реалност – бидна што бидна, туривме „Северна“ – паметно ли е да се бира претседател кој признава дека идентитетот му е толку разнишан, што не знае како што да се чувствува? Не е ли помудро на таквиот претседателски кандидат да му се остави време да се совземе, на мир да се соочи со последиците од загубениот идентитет, да се обиде повторно да се пронајде себеси, наместо да го доведуваме во дополнителен стрес со претседателски обврски? Ни нејзе, ни нам нема да си направиме услуга со тоа, напротив, фрустрациите само ќе растат, што може да доведе до разни последици од психосоматски и политички карактер.

А потоа онаа здодевна, застарена, националистичка теорија – таман како излезена од најконзервативните кругови на Правниот факултет на УКИМ – дека мнозинството, односно „демосот“, значи „народот“, е носител на суверенитетот и дека политичарите мораат да клекнат пред тоа мнозинство и да го молат да му служат во негово име, слично како што ономад Мицкоски клекна на некој од партиските митинзи… Либералната демократија од овие „народњачки“ наклапања е токму толку далеку, колку што правната држава е далеку од концептот на ВМРО-ДПМНЕ за тоа како треба да се владее во Македонија.

Значи, ем кандидаткава има разнишано либидо за сопствениот национален идентитет, ем ќе треба да предводи држава (Република Северна Македонија, нота бене) која штотуку ќе влезе токму во „распродажба“ на државниот суверенитет во процесот на интеграцијата во ЕУ. Има ли начин деликатната претседателка Сиљановска-Давкова, вака тешко ранета во срцето на својата концепција за смислата на политичкиот свет што ја окружува, да не полуди за време на вршење на својата функција?

Затоа и ви велам: после фикус, нè чека кактус. Претседателката ќе биде малку полоша од претседателот, бидејќи идеолошките ставови ѝ се подогматски, а ја нема онаа лефтерна ментална димензија со која би нè забавувала дека сме директни потомци на Александар Македонски, што делуваше така освежително за време на летните скопски жеги.

И, навистина, доста веќе со тие фри-шопови, има толку многу подобри причини да не се гласа за професорката на претстојните претседателски избори, срамота е што на жената ѝ се вадат тие прикаски од пред триесет години за црните вреќи полни со пари… Па, кој најде да збори, СДСМ, во чија, токму нивна, влада професорката беше министер! Нашло лонче капаче…

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share429TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ