• Latest

Се навестува валкана кампања со ниски удари!

March 27, 2019

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Се навестува валкана кампања со ниски удари!

March 27, 2019 14:31
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Конечно заврши долгонајавуваниот „децениски“ дуел меѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицковски. Според коментарите на социјалните мрежи, од дуелот и двајцата лидери излегоа како победници, а обичните граѓан(к)и и понатаму остануваат губитници! И по речиси два часа разговор, на крај сите прашања останаа без одговори…

Слушнавме како Мицковски негира дека има непотизам при неговото вработување во факултетот кај што работел татко му – „Јас му помагав на татко ми и секогаш ќе му помагам… Јас таму бев избран на тајно гласање, татко ми немаше никакво влијание“…

Само не слушнавме дали Мицковски бесплатно му помагал на татко му, како што „про-боно“ му помагаше на Никола Груевски…

Мицковски  не ја испушти можноста да „удри ниско“ со тоа што го навреди премиерот Заев дека крадењето му е наследено и генетски од неговиот татко, кој крадел електрична енергија. На тоа Заев одговори – „Татко ми беше обвинет и се докажа на суд дека е невин“!

Се на сè, очигледно нè очекува политичка кампања со многу ниски удари.

Доказ за тоа е дека деновиве низ социјалните мрежи и порталите се врти фотографијата на синот на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановсјка Давкова, како свири на кавал во парк. Додека за едните е херој, други бараат да каже што всушност работи во животот, освен што во слободно време се бави со свирење кавал.

Се додека тој човек не направил кривично дело, нема потреба неговото име да се споделува на социјалните мрежи само колку да и се „наштети“ на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ.

Во Куманово на трибината „Фер општество, шанса за сите“, една млада личност, толку го испофали премиерот Заев, што го „уби туѓ срам“, фалеше уште да и каже немој толку да ме фалиш, те молам!

Артан Груби се пофалил дека со подршката на Стево Пендаровски, всушност Албанците ќе добијат Гувернер. Но, не кажал дека мандатот на актуелната гувернерка истекува во 2025 година. Нејсе, брзо поминуваат 6 години.

Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share58Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result