• Latest
Добро утро со Орданоски

Паралелните реалности ќе се спојат

April 2, 2019
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Паралелните реалности ќе се спојат

April 2, 2019 06:42
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]К[/dropcap]ако што стојат работите, Македонија ќе продолжи да си живее две паралелни реалности барем за догледно време. Во едната реалност, ќе го дочекаме грчкиот премиер во првата, историска посета на државава, со цела владина свита и бизнис делегација со кои цел ден во Скопје ќе се разговара за продлабочување на одамна запоставената соработка меѓу двата соседи. Во другата реалност, ќе се бодриме со идејата дека, кога ќе се промени власта, со една уставна измена „ќе го заштитиме името со клаузула за непроменливост“ (што и да значи тоа) и ќе ги вратиме односите со нашиот јужен сосед во „камено време“, пред потпишувањето на Преспанскиот договор.

Натамошниот развој на овие две реалности многу ќе зависи и од политичките собитија што ја очекуваат Грција годинава. Таму, наскоро, ќе се оди на европски избори, кои ќе бидат прва проверка за расположението на грчките избирачи кон политиките на Ципрас, а потоа наесен ги чекаат најверојатно споените локални и парламентарни избори со кои ќе се „пресуди“ за иднината на грчката левица после, и за нив, еден тежок и бурен економски и политички, историски период низ којшто помина грчката држава и тамошното истрауматизирано општество.

Повеќето прогнози се дека Ципрас ќе ги изгуби сите избори годинава, но тој наоколу шири оптимизам како однапред да знае дека во политиката ништо не се знае додека не се дознае; и дека и со изгубени избори сè уште може да се остане на власт, само ако оној што ги добил не може да формира влада. Од тие лекции и ние овде знаеме по нешто.

Има Македонија историско искуство со лидери како Ципрас. Мислам на Георги Димитров, ѕвездата на европската левица во триесеттите години од минатиот век и првиот бугарски повоен премиер кој го призна постоењето на македонската нација. Тогаш, сепак, целиот европски контекст беше сосема различен од денешниов, водејќи го континентот од една ужасна воена конфронтација, во една долготрајна студено-воена поделба што ќе ги „замрзне“ односите на Македонија со сите свои соседи како резултат на познатите источно-западно-неврзани околности на постоењето на тогашна Југославија.

Но, и тие години за Македонија не поминаа залудно, напротив: ако не можевме да ги развиваме односите со нашите албански, грчки и бугарски соседи на начин што би водел кон многу поголема соработка, со една комунистичка упорност и систематичност економски и општествено се развиваше самата социјалистичка Македонија, за да ја дочека својата независност во деведесеттите години од минатиот век во неспоредливи самоодржливи околности во споредба со она каде беше по Втората светска војна. За три-четири децении, во развојна смисла, рипнавме, буквално, еден век.

Денеска, наративот на Европската Унија повикува на меѓународна соработка во целиот балкански регион, а членството во НАТО упатува на одбрамбено сојузништво во кое соработката е основата за постоењето на самата Алијанса. Во Македонија некој и да сака – а не сака – нема да има можност да се движи вон рамките на овие однапред определени „упатства за употреба“ во домашната политика, освен ако не се случи сосема да ги напуштиме тие евро-атлантски интегративни патеки по кои се движиме.

Со други зборови, ниту македонската, а ни грчката опозиција, немаат голем маневарски простор за напуштање на меѓународните обврски превземени со Преспанскиот договор. Кога ќе се „оладат“ предизборните митингашки кампањи, кои било две конзервативни, десничарски влади и во Скопје и во Атина ќе си продолжат со соработката, потајно и благодарни што некој друг им го решил за нив нерешливиот „проблем со името“ во македонско-грчките односи.

Паралелните реалности во кои сега предизборно живееме, кога ќе заврши ова „догледно време“ на неколку изборни циклуси, ќе си се спојат во приказната за економскиот и политичкиот развој со соседите, оти друга алтернатива немаме. Со или без уставна „клаузула за непроменливост на името“, што и да значи таа глупост што сега предизборно ја смислила нашава опозиција.


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

 

Share264TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ