• Latest
Добро утро со Орданоски

Каде бевме, а каде стигнавме!

April 3, 2019
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Каде бевме, а каде стигнавме!

April 3, 2019 07:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]У[/dropcap]спехот на посетата на Ципрас на Скопје има две димензии.

Едната е инстантна: Заев и грчкиот премиер беа на насловните страни или во врвот на вестите на најголемиот број на релевантни европски, па и воневропски, медиуми, од сите технолошки и уредувачки деноминации, „избањати“ во позитивни пораки и политички комплименти за широките („ортодонтски“) насмевки на нивните соседски лица. Тоа, патем, уште еднаш потврдува дека кога водите добра меѓународна политика, не ви требаат десетици милиони евра за закупени реклами со кои ќе ја промовирате татковината како туристичка или бизнис дестинација. Така рекламата ви доаѓа гратис.

Само македонската опозиција и локалните ситничави фејсбук-мрчатори останаа разочарани од овој извонреден меѓународен одек. Можеби не е лоша идејата сите тие малку повеќе да се занимаваат со практикување јога, малку да ја врамнотежат непримерната експанзија на своите политички суети и лични фрустрации.

Фотографијата со селфито на премиерскиот дубл – одличен пропаганден потез, кој и да го смислил – го обиколи светот, а секако ќе заврши и во досието на Нобеловиот комитет (sic!).

Втората димензија е среднорочна и треба да ги покаже реалните ефекти од големиот оптимизам за идната грчко-македонска соработка, економска и политичка. Се чини дека Ципрас, и во својата домашна политика, сè фрли на картата со спектакуларниот напредок на односите со својот северен сосед, создавајќи капитал што ќе биде тешко, дури и ако ја изгуби власта во Грција, да биде значително дезавуиран. Владата на Ципрас, и над очекувањата на своите македонски домаќини, покажува искрена желба и практични напори да биде наш европски промотор, без можност нешто од тие конкретни детали овде и да се прераскажат.

Парадоксално, Грција триесет години подоцна го препознава регионалниот потенцијал од соработката со (Северна) Македонија, што можеше да ја промени економско-политчката географија на Балканот доколку се случеше на почетокот од деведесеттите.  Но, во политиката, за некои процеси е потребно време и не е секогаш за кого е речено, туку за кого е печено.

Она што ми е трајна мистерија е како целата посета на Ципрас не помина со никакви протести – онаа дузина на десперадоси со развеаното сонце од Вергина не заслужува да се третира сериозно – заради Преспанскиот договор и целиот толку „трагичен“ последователен развој на настаните? Толку ли ги мрзи овие нашиве парадни националисти, кои срцепарателно крварат по фејсбук во количества на водопадите на Нијагара, да се прошетаат по прекрасното пролетно „сонце на слободата“ до првиот кордон пред владината зграда на „режимот“ и барем малку да си ги пробаат гласните жици, макар пеејќи ја за инает неотсвирената македонска химна?! Ако сега не – кога, бе, клапчовци?!

Или чекаат Гога-јога навистина да победи на претседателските избори и со уникатната уставна вадемекум „клаузула за непроменливост“ да го поништи грчко-македонскиот Договор, додека они комотно си седат во топлинки дома (и блујат храбри навреди и под овој текст на интернет), самозадоволувајќи се со постовите на пребеганиот лидер во Будимпешта?

Ништо. Тапа. Обични епизодни, салонски кокошкари.

Мислам дека од нив посериозни подготовки за акција направи едно женско друштво вљубено во Ципрас, за што сум ексклузивно информиран, чии членови имаа сериозен план барем некој прслук да фрлат на црвениот тепих за време на престојот на Гркот во Скопје. Па и тие се откажаа во последен момент, од елементарна пристојност, кога слушнаа дека Ципрас доаѓа овде со својата долгогодишна невенчана партнерка…

Каде бевме, а каде стигнавме! И оваа историја ќе ја пишуваат победниците.


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

 

Share1101TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ