• Latest
Добро утро со Орданоски

За изборните анкети, гравчето и „иглените уши“

April 16, 2019
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

За изборните анкети, гравчето и „иглените уши“

April 16, 2019 07:03
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]Т[/dropcap]аман кога си помислив дека сè сум видел во областа на политичката пропаганда и дека ретко што може во таа област да ме орасположи, кога вчера, од никаде, се појави „анкета“ на Гласот на Америка, објавена точно во последен момент од законски дозволениот рок за такви анкетни публикации, а која личи на 103% лажна вест!

Во ова „истражување на јавното мнение“, веројатно спроведено на „примерок“ од неколкуте вработени во редакцијата на Гласот на Америка на македонски јазик, резултатите за тоа како ќе гласаат граѓаните на земјава се тотално бесмислени, но објаснувањето под анкетата е бесценето: „Анкетата на Гласот на Америка на македонски не е научно истражување на јавното мислење и го одразува личниот став на учесниците во анкетата“…

Пффффф-кхкха-ха-ха-ха-ха… Немој, бе!? Па, ако „ненаучно“ сте зе зафркавале со личните ставови на пауза за кафе, што сте ги шлапнале резултатите на официјалната интернет страница на вашата, инаку, угледна програма?

Сакам да кажам, не се возбудувајте многу со истражувањата на јавното мислење и околу овие избори во Македонија, дури и кога се пародија на чија табла стои именката „Америка“. Од сите посериозни анкети (и објавени и необјавени) е јасно, без разлика што секаде води кандидатот Стево Пендаровски, дека разликата е релативно мала, се брои во неколку десетици илјади фактички гласови, и дека оваа изборна неизвесност, особено во првиот круг, ќе ја решат две работи: колку секоја од партиите ќе ги „спотера“ да излезат на гласање своите сигурни поддржувачи; и во колкав број неопределените ќе решат да не се појават на гласачките кутии, односно ако се појават, да не шкртаат бесилки и мајмунчиња на гласачките ливчиња?

Всушност, веројатно најдобрата варијанта за идната политичка стабилност на земјата е резултатот по првиот круг на гласање да биде релативно близок меѓу водечките кандидати Пендаровски и Силјановска Давкова. Тоа ќе значи максимален партиски ангажман и од власта и од опозицијата за излезност во вториот гласачки круг, за изборите „цензусно“ да не пропаднат.

Таквата евентуална резултатска неизвесност, сама по себе, ќе биде успех за Мицкоски, бидејќи ќе значи дека најверојатно обезбедил доволно гласови за да го зацврсти своето владеење во партијата, иако на Груевски му треба победата на Силјановска Давкова, а не резултат што ќе може да се толкува како „статива“, без чист гол. Парадоксално, можеби „тесниот“ пораз – ако, веќе, победата е вон реален дофат – најмногу му одговара и на Мицко, со оглед на неговата задоцнета политичка адолесценција под сенката на партискиот „старател“.

За Заев, пак, секоја „тесна“ финална победа на Пендаровски – на „кристално чисто спроведени избори“ – ќе претставува поттик за натамошни реформи на патот по кој нè убедува дека ја води земјата, за што ќе треба да приложи уште многу бескомпромисни и фактички докази, што сега му се во дефицит. Инаку веќе во идната изборна година ќе може да се надева на лесно предвидлив бродолом. Дотолку повеќе што ќе го има Пендаровски на чело на РСМ, за кого уште сега треба да е јасно дека ќе биде многу незгоден и реален „надпартиски“ претседател на државата, какви и сегашни очекувања да негува СДСМ со него.

Што се однесува до среднорочните интереси на гласачите на албанските партии и од власта и во опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ не штедеше сили јасно да им стави до знаење дека Пендаровски мора да победи, бидејќи сè друго би било глумење лудило. Просто како гравче во војнички казан!

Затоа, оваа „игранка“ сè уште не е завршена, без разлика што покажаа до сега и научните и ненаучните објавени истражувања на јавното мислење. Има шанси, веќе традиционално, и овој пат да се провнеме „низ иглените уши“ на подобрата иднина, после што единствениот губитник – ако не се смета професорката, за која ќе се најде некое место во реформската агенда на Мајката Тереза Заев – ќе биде оној во Будимпешта.

Време е да ставиме дефинитивна точка на таа лузерска приказна.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share234TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ