• Latest
Добро утро со Орданоски

Убавините на најдобриот и најлошиот изборен резултат, истовремено!

April 22, 2019
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Убавините на најдобриот и најлошиот изборен резултат, истовремено!

April 22, 2019 08:38
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ИЗБОРИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]П[/dropcap]арадоксално, ВМРО-ДПМНЕ го доби и најдобриот и најлошиот изборен резултат на кој можеше да се надева. Од една страна, остварија изборен успех кој е речиси израмнет со резултатот на противникот од страна на власта, што мора да е изненадувачки добро и за самите нив. Од друга страна, ваквиот резултат не им остава простор за „бојкотирачки маневар“ во вториот круг, дури макар и во „крајна нужда“ да размислувале за тоа. Овој резултат ги обврзува да мораат максимално да се мобилизираат и за вториот изборен круг и, со тоа, потенцијално, да ја легитимираат победата на Пендаровски на овие претседателски избори.

Бидејќи, да не се залажуваме: Пендаровски, објективно, е фаворит во вториот изборен круг.

Дополнително, а не помалку важно, ова е поволен резултат и за изјаснувањето по Преспанскиот договор. Максималната изборна мобилизација на ВМРО-ДПМНЕ, со оглед дека се базираше речиси сосема врз „предавството на Заев“ и останатите дребулии со Преспанскиот договор, во првиот изборен круг доживеа дебакл, бидејќи покажа дека бројот на „разочарани“ Македонци од тој Договор е отприлика само половина од позитивниот референдумски резултат за истиот тој Договор.

Со други зборови, да излезеа на референдумот, ќе беа поразени со дупло поголем резултат од гласовите на оние кои го поддржуваат тој Договор. Затоа и го бојкотираа референдумот. Не е лошо што и ова го расчистивме.

Друго е прашањето каде е во скорот на Пендаровски другата половина од гласовите што неговите партиски спонзори, СДСМ и нивните коалициски партнери, ги добија на референдумот за Преспанскиот договор?

Ох, тоа големо потфрлање сигурно ги боли и пече! Но, Преспанскиот договор нема пресудна врска со тоа – големиот дел од тие гласови им останаа скратени на ова гласање заради начинот на кој владеат, а не заради постигањата од Договорот во Преспа. И ова е добро да се знае.

Значи, СДСМ и ДУИ во првиот круг од гласањето на овие претседателски избори се „казнети“ со помалку гласови од очекуваните главно заради лошото практично владеење, за што постојат мноштво од аргументи. Но, ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг на овие избори не доби голема поддршка – всушност, доби една од најмалите можни изборни поддршки од кога ме држи сеќавањето – заради хазардерската иднина што им ја предлагаат на гласачите, токму залагајќи се за поништување или, во најмала рака, некакво нејасно непочитување на стратегискиот правец во кој се движи државата.

Тоа е, сепак, битна разлика. Едно е лошо да владееш со државата, за што можеш да изгубиш на избори. Друго е лошо да ѝ мислиш на државата, за што можеш да ја изгубиш државата.

Сега, да бидеме практични: тоа значи дека Христијан Мицкоски, после овој изборен резултат, ќе ја зацврсти својата позиција во ВМРО-ДПМНЕ не како резултат на големите постигања на груевистичката политичка ориентација со која ја води партијата, туку како резултат на низата пропусти во владеењето на своите опоненти, коалицијата на власт. Дури, кога ќе се стивне вревата со која го прославуваат поразот во првиот изборен круг, станува јасно дека и освоените гласови на ВМРО-ДПМНЕ се далеку од импресивни. За нив ќе биде најлошо ако мислат дека од победа во вториот круг ги дели само успехот во трговијата со гласови со албанските политички партии.

А на СДСМ, пак, овој гласачки „нокдаун“ му доаѓа можеби точно на време пред да доживее вистински изборен „нокаут“. Зоран Заев е на работ да ја прокоцка иднината на државата заради неспособноста на неговата Влада да ги спроведе политиките за кои доби иста ваква поддршка каква што сега ја добива ВМРО-ДПМНЕ, кога немаше големи надежи за тоа. Не вреди повторно да се раскажува приказната за кравата и клоцнатата канта со млеко… За нив ќе биде најлошо ако мислат дека од победа во вториот круг ги дели само успехот во трговијата со гласови со албанските политички партии.

Затоа и мислам дека убавината на овој изборен резултат е што во него има поуки за сите. А најмногу за оние кои размислуваат дали во следниот изборен круг да излезат на гласање.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share600TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ