• Latest
Добро утро со Орданоски

Една метла со две рачки?

May 3, 2019
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Една метла со две рачки?

May 3, 2019 07:05
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]Н[/dropcap]ароде, тоа е тоа, и оваа изборна кампања заврши! Се кажа што имаше да се каже, се ветија просечни брда и долини, противниците си разменија по некој низок удар, а крајот на светот, каков што го знаеме, ќе настапи во понеделник – и ќе трае барем до вторник – за оние кои ќе бидат на губитничката страна на изборите.

Доколку, пак, не се постигне изборниот цензус, Македонија ќе се врати во старото добро балканско друштво на недоквакани демократии во кои никогаш не е здодевно и безбедно, бидејќи комбинацијата од политички и други кризи е секојдневие, навика без која не може да се живее. И повторно, преку ноќ, ќе се изгуби и ова нежно чувство на стабилност што како-така се создаде и, одново, сè ќе си стане можно: и да нè има и да нè снема, разни политиканти и праматари ќе солат памет и ќе нудат рецепти како светските конспирации да се преточат во дневни политички агенди, а најрадосни ќе бидат оние кои на правната држава гледаат како на најголем непријател на нивниот личен општествено-политички успех.

Сепак, се чини дека варијантата за непостигнување цензус е сè помалку остварлива, ем како резултат на ангажираноста на сите политички партии да ги мотивираат граѓаните да излезат на избори, а и заради временската прогноза која вели дека претстојниот викенд нè очекува мало заладување со нестабилно време – изборните „пребези“ по разните излетнички места во и околу Македонија ќе се одложат за идните недели, па претпоставка е дека нешто и од таа клиентела ќе врзе чевли за неделно гласање.

Но, она што долго ќе се памети и анализира за овие избори е начинот на кој, благодарејќи на темпото што го наметна опозицијата, темите од изборната кампања потполно се променија од првиот, во вториот круг пред гласање. Ако до пред две недели Преспанскиот договор беше опозициски синоним за национално предавство, за државна пропаст и за дефинитивно губење на македонскиот идентитет, наеднаш, во вториот кампањски круг, придобивките од тој „катастрофален Договор“ сосема се истуркаа надвор од фокусот на јавноста, како да се работи за тема од средината на предминатиот век, а се помина на невкусно политичко умилкување кон етничките албански гласачи и кон сите други категории на заборавени, а потенцијални изборни поддржувачи кои треба да решат дека меморијата и вредносниот систем им се растегливи како ластик на распарани гаќи, за кој како ќе стигне да може да им прави соблечи-облечи по свои изборни потреби…

Тешко ќе оди таа работа, (не)гласачите и на овие од власта им влепија жешка шлаканица во првиот изборен круг, а не пак на актуелните опозициски подизведувачи на груевизмот и на нивната претседателска кандидатка! Во кампот на освестеното македонско мултиетничко и мултикултурно граѓанство ВМРО-ДПМНЕ нема што да бара во догледна иднина, пред партијата демократски да се реформира и политички да се еманципира.

И тоа е потрајната суштина на овие претседателски избори, бидејќи изборот меѓу Пендаровски и Силјановска Давкова не е дали Македонија спектакуларно ќе успее или драматично ќе пропадне доколку се избере едниот наспроти другиот претседателски кандидат, туку дали цел еден значаен слој во општеството, кого политички го артикулира сегашната груевистичка опозициона структура, ќе добие шанса да „прогледа“ низ оптиката на една модерна, демо-христијанска конзервативна опција која треба да се изнедри од реформата на оваа зарибана ДПМНЕ-партија?

Од резултатот на неделното гласање ќе се дознае дали, освен кај власта, метлата ќе заигра и во опозицијата. Оти резултатите и од првиот круг гласање, за оние кои сакаат да разберат, беа сосема јасни: Ти зборам ќерко, сети се снао, дворот треба и кај нас да се замете!

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share362TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ