• Latest
Добро утро со Орданоски

Папата ѕвезда. Иванов мало, црно дупче.

May 8, 2019
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Папата ѕвезда. Иванов мало, црно дупче.

May 8, 2019 07:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]Њ[/dropcap]ујорк Тајмс вели дека посетата на Папата на Северна Македонија е уште еден сигнал дека државата излегува од долгата меѓународна изолација, цитирајќи го шефот на Ватикан во констатацијата дека ние сме „мост меѓу Исток и Запад“ на европскиот континент и дека нашата европска интеграција е „од корист за целиот Западен Балкан“. Во подолгиот текст на водечкиот светски дневник се констатира дека не сите во Скопје го делат ентузијазмот на Папата, анализирајќи го говорот на Ѓорге Иванов за „големите поделби“ во општеството, но потоа го констатира ведриот оптимизам на Заев кој посетата на Папата ја смета за поддршка во „покажаната храброст за донесените одлуки“.

И Вашингтон Пост посетата ја квалификува како „историска“ и како охрабрување за Македонија за „интегрирање во европските институции“, со искажаниот посебен респект на Папата за нашата успешност во моделот на заедништво и толеранција што овде се негуваат. Во сличен тон, Дојче веле ја цитира и пораката на Папата дека „најубавите мозаици се оние кои се најбогати со бои“, реферирајќи на богатството и заедничката коегзистенција на култури и религии во Македонија. Италијанската Кориере дела Сера папската визита на Бугарија и Македонија веќе ја најави како религиска и политичка шанса за „испорака на големи работи во мали пакувања“, а и угледниот француски Ле Монд ја цитира поддршката на Папата за македонската интеграција во ЕУ.

И така натаму и на тоа слично, на сите светски меридијани и географски широчини… Тоа е моќта на светската харизма и глобалното влијание на Папата! Ние, можеби, сè уште не сме сосема свесни за важноста и долгорочните позитивни последици од беспрекорно организираната и перфектно спорведената визитација на Светиот Татко на „портата преку која христијанството влезе во Европа“, како што тој ја нарече нашата земја на враќање кон Ватикан.

Сепак, во последните „пет минути“ од својот истечен мандат, вечниот парти-брејкер Ѓорге Иванов ја искористи посетата на Папата за да дотури малку сол во кафето. Тој, имено, официјално го информираше Папата дека доаѓа во „поделено општество“. Иванов е експерт во таа област, како еден од главните внатрешнополитички фактори за тие поделби. Можеше Иванов и да се воздржи од таквите оценки, бидејќи тие за Папата не се од никакво значење, а влегоа во сите меѓународни извештаи од неговата посета на земјава. Особено бидејќи „обединетото општество“ тукушто го избра наследникот на Иванов, како дел од потфатот за излегување од долгата меѓународна изолација (Њујорк Тајмс) за која Иванов даде значаен придонес.

Всушност, ништо важно. Но, тој одмазднички „политички поздрав“ за домашна употреба само го зацврстува впечатокот за лузерскиот менталитет на Хорхе кој не собра храброст да се надмине себеси во сите изминати десет години на функцијата претседател. Тотален медиокритет кој ќе остане запаметен по ништо добро.

Да го немаше, никој немаше да има потреба да го измисли. А и кога го немаше, никој не го забележуваше неговото отсуство. Таму каде што одеше, никој не го забележуваше неговото присуство. Десет години беше само уште една небитна протоколарна ставка на некој црвен килим.

Македонија веќе има еден бивш, жив претседател кој, по сопствена одлука, го снема. Ете добар пример за уживање на државната пензија на Иванов.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share817TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ