• Latest
Добро утро со Орданоски

„Дивјаците“ од „Диво насеље“

May 17, 2019

ИНРМ со иницијатива до Уставен суд против паушалните фактури за струја

August 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на AFP News Agency

Боливија по две децении ќе го избере првиот претседател кој не е левичар 

August 18, 2025
Зеленски и Трамп, 27 септември 2024, Вашингтон, САД (фото извор: Кабинет на Претседателот Зеленски)

Трамп нагласи дека нема пат кон НАТО или враќање на Крим за Украина пред средбата со Зеленски во Вашингтон

August 18, 2025
Фото: МО

Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025
Руските агресори го нападнаа градот Харков со беспилотни летала во раните утрински часови на 18 август, оштетувајќи неколку станбени згради и убивајќи најмалку три лица, Фото: Државна служба за вонредни состојби / Телеграм

Најмалку 8 цивили убиени и 35 повредени во руските напади низ Украина пред состанокот Зеленски-Трамп

August 18, 2025

ДИК одлучи: Независните кандидати на изборите ќе учествуваат со собрани два потписи

August 18, 2025

Академски гласови, пропагандно ехо: Како интелектуалците на Балканот шират проруски наративи

August 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на France24

Контрадикторните изјави на Виткоф и Рубио поттикнуваат неизвесност за безбедносните гаранции пред средбата Трамп-Зеленски

August 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на Н1

Тактиките на Вучиќ кон студентите постојано се менуваат, но едно е константно – заплашувањето

August 17, 2025
Фото: Ryanair / Фејсбук

Нискобуџетниот „Рајанер“ отвора нова база на аеродромот во Тирана, инвестиција од 300 милиони долари и повеќе од 450 летови неделно до вкупно 33 дестинации во 13 земји

August 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

„Дивјаците“ од „Диво насеље“

May 17, 2019 07:20
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]А[/dropcap]ко успеете да се апстрахирате – што воопшто не е лесно – од вистинското „дивеење“ на осудените од случајот „Диво насеље“ на јавната седница во судницата на Апелација по повод нивните жалби заради пресудите со кои, во ноември 2017 година, добија меѓу 12 години и доживотни затворски робии во финалето на судскиот процес за најтешкиот безбедносен инцидент во Македонија по 2001 година; значи, ако вложите значителен напор и за момент заборавите на навредите и дрскиот бараж од национал-шовинистички ирационалности што овие првостепено осудени бандити ги упатија кон Судот и кон самата македонска држава… тогаш она што се слушна во (и вон) судницата за самите драматични и трагични настани во Куманово на 9 мај 2015 година воопшто не е за потценување.

Ништо од тоа, можеби, нема да ја намали вината на осудените, по чии жалби сега се расправа, но нивниот „агол на гледање“ секако фрла големо светло врз неопходноста, врз правната нужност од „второ полувреме“ од овој смртно сериозен дебакл на македонскиот безбедносен систем којшто, како што ќе се испостави, беше само една крвава најава, своевидна неуспешна „генерална проба“ за она што ќе уследи на 27 април 2017 година со познатиот обид за државен удар во Собранието на РСМ.

За да скратам прераскажувања, цитирам од новинарските извештаи (овој го превземам од колегите од Плусинфо): „Во заедничката изјава која сакаа да ја прочитаат, а судот не им дозволи, обвинетите бараат од премиерот Зоран Заев да ги изнесе доказите дека овој случај е политички монтиран, дека бил замка подготвена од власта на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Тврдат дека во Диво Насеље планот бил да ги убијат на спиење. Наведуваат дека во телефонски разговор Артан Груби и Али Ахмети ги прелажале дека можат да се предадат со посредство на ОБСЕ. Осудените бараат и целата снимка од полициската акција да се види, бидејќи тврдат дека командантите Бег Ризај и Мирсад Ндрецај биле убиени откако ѝ се предале на полицијата. Тие бараат да сведочат и Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Стојанче Ангелов, Ѓорѓе Иванов, Али Ахмети, Муса Џафери, Бекир Асани, Садула Дураку, Митко Чавков, Ариф Асани заменик директор на УБК, Бесир Дехари заменик директор на БЈБ и други функционери на ДУИ во претходната влада“…

Од денешна дистанца е уште појасно она што и пред четири години не беше тешко да се заклучи по „малата војна“ во „Диво насеље“, а тоа е дека целата подготовка на настаните е правена со некаков вид инспирација и асистенција на безбедносни и политички структури во Македонија како обид со безбедносна криза да се замени политичката, започната неколку месеци пред тоа со објавувањето на „бомбите“, а што ќе доведе до драматичниот пад на Фамилијата од власт.

Факт е дека во МВР, ни по падот на Груевски, никој не спроведе сериозна истрага за тоа полициско фијаско во кое загинаа 8, а беа тешко повредени неколку дузини полициски специјалци. Овој комплексен кривично-правен настан, со големи заканувачки политички последици, никој сериозно не го третира ниту во Јавното обвинителство од аспект на сомневањата за неговата инспирација, планирање и за самата изведба од страна на македонската држава, а којзнае каде во СЈО се „потонати“ прислушуваните и следените комуникации во врска со овој скандал во релеватниот период пред, за време и по целата драма.

Да не беа Американците – се сеќавате? – и Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков, без трунка грижа на совест, ќе продолжеа да си ги вршат функциите преку кои, за монструозните потреби на Фамилијата, се зароби, се зема како заложник целата држава и сите нејзини граѓани.

Се разбира дека и денеска ВМРО-ДПМНЕ, пропагандно распенавено и за најмал пропуст на сегашната власт, не ни размислува и од овој дел од својата срамна партиска историја да се дистанцира. Напротив, во своето политичко и морално лицемерие тие и за оваа трагедија го слават пребеганиот публицист во Будимпешта.

Што се однесува до ДУИ, пак, таму историјата и по ова прашање не е завршена. Таму канонот, кога-тогаш, ќе ги стигне.

Според тоа, списокот на вистинските „дивјаци“ од „Диво насеље“ ни од далеку не е правно комплетиран. Јасно е дека овој македонски правосуден систем нема да биде во состојба и нив да ги процесуира, но барем имаме шанса во Апелација да чуеме верзии од тој дел од приказната преку жалбите на веќе осудените насилници. Тие, без разлика на нивните гневни провокации во судницата, не ми се чинат помалку веродостојни сведоштва од аргументите на половично завршената работа на Обвинителството и во овој случај.

Макар колку да не се заборави.

 

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share360Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ