• Latest
Добро утро со Орданоски

Да се биде Буда или Итар Пејо?

May 22, 2019
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Да се биде Буда или Итар Пејо?

May 22, 2019 07:36
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]П[/dropcap]о првата „консултативна“ работна средба помеѓу Заев и Ахмети по изборите, нема ништо ново што може да се соопшти по повод операцијата „Метла“. Најмногу и затоа што нивните мотиви околу спроведувањето на овој проект се суштински различни: Заев мора да го испорача аманетот, даден пред вториот круг на претседателските избори, дека ќе направи „чистка“ во редовите на власта, како поука од послабата од очекувана поддршка на гласачите; Ахмети, пак, од своја страна, не даде никакво ветување, па нема што да исполнува.

Што му е гајле на Ахмети што ветувал Заев, за што не бил ни прашан?! Дотолку повеќе што, во недостаток на американски амбасадор во земјава, ДУИ има голем маневарски простор во толкувањето на тоа што е неопходно да се направи за општиот напредок на државата.

Што е право, на ДУИ приказната ѝ оди одлично. Седат комотно во власта, иако повеќето функционери – со неколку чесни исклучоци – им работат со енергија што би можела да се оцени како „критичен минимум“. Но, гледате, со текот на изминатите петнаесетина години и во домашната и во дипломатската јавност во земјава се изгради таков став дека од ДУИ и не се очекува сериозно да се занимаваат со одработување на описот на работата на владите во кои седеле, туку да се грижат за „големата слика“, за „високата политика“, за одржување, па дури и гарантирање на меѓуетничката политичка и безбедносна стабилност во Македонија. Тоа, и бескрајното „верглање“ за важноста на евро-атлантските интеграции.

И секогаш со една длабокоумно замислена, мудра поза на Ахмети во позадината, чиј збор алтан вреди! А може и во евра. Бидејќи нема бизнис што им е застанат по сите вертикали и хоризонтали на власта. Имаа цела деценија да ја научат школата на дил-ориентид политичари кај врвниот експерт од таа област, Груевски. Положија со врвен, сума-кум-лауде успех. Со Заев се на пост-дипломски студии.

Единствено што го „ремети“ Али Ахмети во неговата „будистичка“ смиреност во сегашнава политичка констелација на ѕвездите е „итар-пејовскиот“ атер на Заев: дал збор премиерот дека нешто ќе се менува, па не може меракот да му се крши! Тоа е причината заради која Ахмети прифаќа да се сретнува со Заев на „консултации за метлата“, додека Артан Груби или Бујар Османи секој ден потсетуваат дека без ДУИ нема влада, ни оваа, ни претходната, ни наредната!

Ама Ѓаволот ни во опозицијата не спие! Некој од врвот на тамошните албански партии, фатени во „невозможната мисија“ да се разведе бракот од интерес што ДУИ го има со СДСМ, деновиве изјави дека во иднина е можна соработка и со ВМРО-ДПМНЕ, само доколку тие се извинат за настаните од 27 април. Туф, туф, голема работа едно извинување да се направело, тоа може шефот на опозицијата во кој било момент да го срочи во која било варијанта округло па на ќоше, кога веќе се дошло до тоа да има кој од другата страна едвај да чека да му го прифати… „Многу ни е жал и се извинуваме доколку некој случајно се нашол повреден од настаните на 27 април“… Ете, се извинивме! Ај сега да соработуваме во рушењето на Заев од власта!

Во вакви игри ќе ни поминува времето во наредните неколку месеци, доколку Заев не извлече некој неочекуван „кец“ од ракавот. Сè уште не е исклучено сите да ги изненади со некоја иницијатива што другите нема да можат да ја одбијат. Откако и официјално месецов се сретна со Папите Франциск и Бранко, не би било изненадување некоја „просветлена“ идеја да му падне на памет во рамките на проектот за „големото помирување“ во земјава.

Некако се навикнавме на неконвенционални решенија што ги практикува Заев во политиката, па не е лошо да се биде на штрек и кога се чини дека во нашава политика веќе ништо не може да нè изненади. Мене така некако ми мириса…

 

[divide]

Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

 

 

Share225TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ