• Latest
Добро утро со Орданоски

Кој спомна „трета опција“?

June 7, 2019
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Кој спомна „трета опција“?

June 7, 2019 07:13
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]Р[/dropcap]еално, хаотична е целата моментна политика на ЕУ кон Балканот. Земете го нашиот случај: од една страна, Комисијата во заминување дава охрабрувачки и поттикнувачки изјави и заклучоци и за Албанија и за Македонија за почеток на преговори; од друга страна, разни главни градови во Европа, од оние поважните, едно зборуваат јавно (и со поддршка и со резерва), друго подалеку од очите на јавноста, а и тоа зависи дали е претпладне или попладне и кој е и на која политичка формација припаѓа говорникот.

За Македонија нема ништо полошо од тоа да стане камен за препнување во внатрешните политики на земји како Германија и Франција. Или, уште полошо, да стане монета за поткусурување околу тоа каква европска одлука повеќе би ѝ одговарала на грчката Нова Демократија пред тамошните парламентарни избори годинава…

Во историјата на ЕУ, на највисоко политичко ниво, донесени се неколку поволни одлуки за земјите кои барале членство во Унијата и покрај „експертското“ противење на Европската Комисија. Но, не се случило сите бриселски топ-функционери толку отворено да заговараат датум за почеток на преговори со Северна Македонија, а некои земји-членки да се противат и да се премислуваат, како подостарени невести пред задоцнети стројници.

Што ќе излезе од сето ова? По сè изгледа, овој месец од Европскиот совет ќе добиеме уште еден заклучок кој никој нема да може да го протолкува што, точно, значи; ќе биде полн со пофалби, ќе констатира позитивности, ќе даде „зелено светло“ за преговори, со фиксирање на некој иден датум на кој би се решавало за датумот за преговори…

Но, не изгледа дека клучниот партнер во власта во Македонија е подготвен ваквиот европски став овој пат да го „проголта“ глумејќи, за внатрешна политичка употреба, победа на својата европска политика. Напротив, се чини дека има важни сили во власта кои како едвај да чекаат, на фонот на разочарувањето од Брисел, овдека што побрзо да се оди на предвремени парламентарни избори за да се предупреди влошувањето на внатрешно-политичката ситуација во комбинација со влошениот регионален контекст.

Ваквиот можен развој на ситуацијата ќе се претвори во вообичаеното изборно „натегање“ меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, какво што сме го виделе во десетина претходни изданија. За ДУИ и нејзините опоненти дума и да не стане!

Но, можеби овој правец на движење на работите – па дури и независно од правецот – ја отвора дилемата дали во Македонија повторно не е дојдено време за покренување на некаква „трета“ политичка опција, некој кој ќе се замеша во „делењето карти“ меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ?

И без да навлегуваме во идеолошки и вредносни полемики за тоа кој е профилот на македонското политичко незадоволство – постојат за тоа готови статистики – сите проценки говорат дека тој македонски „бинарен“ партиски избор редовно „гори“ околу стотина и повеќе илјади гласови на оние кои не ги сакаат ни едните, ни другите, а се вон процентот на оние кои ништо не ги интересира. Таа евентуална гласачка мобилизација, преведено во мандати, може да биде бројка меѓу 5 и 10 пратеници кои бездруго ќе бидат клучот за формирањето на секоја идна власт во Македонија.

Се разбира, како што тоа обично бива, веднаш се поставува прашањето за тоа кој би бил лидер на таа опција? Во недостаток на прецизен одговор, прво ќе се почне со лицитирања и самопредлагања, но до некој фиљан човек, со тек на време, ќе се стигне.

А пари, има ли пари што би поддржале таков проект? И има и нема, но ќе ги има сè повеќе, како што ќе расте „лебот“ во оваа македонска политичка фурна.

Можеби една таква „интервенција“ во нашиов застоен политички модел ќе ја мрдне работата порешително кон напред, како што тоа се случува низ цела Европа, со политички сили и нови политички лидери за кои, буквално, до минатата недела не сте ни чуле.

Оти, да се вратам на „европскиот“ почеток, Заев и да предизвика предвремени избори во Македонија, тоа не гарантира дека исходот од нив нема повторно да биде, помалку или повеќе, пата-пата, со „три од карти“ во рацете на ДУИ кои пак ќе ја решаваат судбината на власта. Кому му е тоа потребно?

 

[divide]

Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

 

 

 

Share268TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ