• Latest

А што има лошо во тоа да си различна…

June 9, 2021

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025
Меѓународна конференција Одбрана на демократијата - Воведен панел „Борбата на Украина – Иднината на Европа, нашата заедничка реалност: Лекции и следни чекори“(Фото ЦИИВЛ)

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
Фото: Х

Коалицијата на меѓународни организации за слобода на медиумите бара од Фон дер Лајен да ги претстави барањата за слобода на медиумите пред српските власти

October 13, 2025
Фото: zbruc.eu

Револуцијата на гранит: Првиот украински Мајдан и неговите лекции по 35 години

October 13, 2025

Се финализираат подготовките за Локалните избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

Венецијанската комисија го одложи усвојувањето на оценката на предлог- законот за правична застапеност во Северна Македонија

October 13, 2025

Косово, локални избори: Ниска излезност, втор круг во 17 општини – според Курти, во Митровица имало инженеринг и мешање во изборниот процес

October 13, 2025

АВМУ: Ноќеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за Локалните избори 2025

October 13, 2025
Војо Маневски

Граѓаните прашуваат ли нешто?

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

А што има лошо во тоа да си различна…

June 9, 2021 11:48
in МУЛТИКУЛТУРА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: НАФИЈЕ ДАЛИБИ

Пораснав во семејство каде се зборуваат два јазика, иако двајцата родители ми се Роми. Татко ми знае македонски и по некој збор на ромски, а мајка ми ги знае и двата јазика. Додека растев немав прилика да го научам ромскиот јазик, бидејќи помалку се зборуваше кај нас дома, сè додека не се омажив, кадешто мајчиниот јазик на сопругот е ромскиот, и сега сум горда што конечно можам да зборувам и на ромски јазик.

Моите ме запишаа во основно училиште на македонски јазик, каде имаше само Македонци и Роми ученици. Таму се почитувавме, дружевме, игравме заедно без да се навредуваме или потценуваме поради нашата етничка припадност. Во училиште учевме да пишуваме и читаме на македонски јазик, но јас уште како мала се запишав и на курс по арапски јазик, па така научив да читам и пишувам и на арапски.

Кога завршив основно образование, посакав во средно да се запишам во теолошки смер на кој не можеше да се учи на македонски јазик, туку само на албански. Но, иако не го знаев албанскиот јазик не се откажав од желбата да се запишам во тоа училиште.

Ме примија, почнаа првите часови на албански јазик, јас само молчев и ги слушав предавањата без ништо да ги разбирам што предаваат и зборуваат. Ми беше многу тешко, се чувствував дека сум поразлична од останатите. Ми беше досадно и за миг посакав да се откажам од својата желба да учам во тоа училиште. Но, токму тогаш кога бев решена да се откажам, се појави муфтијата и ни одржа предавање, но додека зборуваше забележа ученичка (мене) која не го разбира албанскиот јазик, и во тој момент почна да предава на македонски јазик. Тоа ми даде сила и поттик да останам во тоа училиште. Веднаш потоа се запишав на шестмесечен курс по албански јазик и откако го завршив курсот веќе знаев да зборувам и да пишувам, потоа беше лесно да учам и за одговарам на албански јазик.

Иако бев единствена Ромка, сепак муфтијата ме назначи за претседателка на класот за јас да ги кажувам оценките на моите другарки/соученички. Јазикот не ми беше пречка да бидам одлична ученичка и да го завршам средното образование со просек 5,00. Тоа ме мотивираше уште повеќе да си докажам пред сè на себеси, а потоа и на останатите дека не е страшно да си „поразлична од другите“. Дека секој може да успее ако му се даде прилика и можност да се докаже.

И на факултет бев единствената Ромка во класот, која се запиша да студира на албански јазик. Таму никој не знаеше што сум, се додека јас не се декларирав и се претставив дека сум Ромка.

Откако пораснав го сменив изгледот и начинот на облекување, односно училиштето ме поттикна да ја почитувам својата вера и решив да ставам превез (марама) како симбол на исламот. Тоа ме направи уште „поразлична“ од другите.

Па така, во една прилика додека бевме со мајка ми на пазарување во пазарчето во Шутка, мајка ми со продавачката зборуваше ромски, јас зборував македонски, но дојдоа едни муштерии кои не знаеја добро македонски, па јас им преведував од македонски на албански. Продавачката остана збунета и зачудено праша – извинете, а што сте вие? Се насмевнав и ù реков – луѓе сме, а ако прашуваш за етничка припадност ние сме Роми. Додаде – ама вие не личите за Роми?

Заминав со прашањето – а како тоа изгледаат Ром(к)ите? Што се толку поразлични од другите? И, што има лошо во тоа да си поразличен?


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ