• Latest
Добро утро со Орданоски

А Заев да престане со политичко лигавење?

October 16, 2018

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

А Заев да престане со политичко лигавење?

October 16, 2018 07:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]С[/dropcap]танува по малку заморно, а и мачно, да се гледа напорот на Заев да обезбеди десетина опозициски пратеници за да ја спаси евроатлантската иднина на Македонија. Се плашам дека тој труд ќе стане и политички контрапродуктивен: им се постила пред нозе на една, во суштина, бандитска структура на обвинети, но сè уште неосудени криминалци за тешки и најтешки кривични дела од десетина поглавја на Кривичниот закон, дозволувајќи им тие од неговите ракави да си го избришат секретот од нивните носеви (знаете на што мислам, нели) и уште да му порачаат од партиски говорници и од домашни притвори дека не е доволно што им се натртил, туку би било добро и малце повеќе лубрикант да стави, за кога ќе му го… И така натаму.

Би било пристојно од Заев да престане да го понижува големото мнозинство граѓани во Македонија кои му дадоа изборна поддршка на неговата сегашна владејачка коалиција, но на кои правната држава им е поважна од љубеното НАТО. Да, тоа е ставот што може да се прочита во кое било истражување на јавното мислење во Македонија во последните неколку години во врска со угледот на локалниве институции: „Дајте правда!“, врескаат податоците за дветретинска поддршка на СЈО, рејтинг за кој, со комбинирани и акумулирани скорови, Заев, Мицкоски, Ахмети, Иванов и Груевски можат да сонуваат до крајот на своите политички кариери, иако на некои тие им се бројат во месеци.

Ја пропуштив последната миса во мојата локална црква – што е приватен концепт кој го негувам во последните педесетина години – што е можеби причината што не го разбирам „христијанското“ лигавење на Заев од собраниската говорница за подадени раце, простувања, помирувања, вртења на другиот образ и слични наивни понуди кои опасно заличуваат на изигрување на двата клучни принципи според кои уставно е дефиниран граѓанскиот концепт на модерната македонска држава: секуларизмот и нејзината правна поставеност во која никој не може да биде над законот.

Подобро би било Заев да се помири со реалноста дека не само што нема доволно собраниски гласови за продолжување на Договорот од Преспа, туку и дека навистина постои „политичка цена“ – како што вели самиот – што не вреди да се плати за таквото квазимодо мнозинство да се состави. Не, не се работи за цената на неговата персонална политичка кариера – таа е подеднакво безначајна како и онаа на Мицкоски, на пример – туку за цената на морално-политичкото здравје на нацијата: македонските анти-западни, криминогени и шовинистички сили треба да бидат демократски ПОРАЗЕНИ – и на избори, но и на улица, ако е неопходно! – а не да бидат КОРУПТИВНО КООПТИРАНИ во овој процес на интеграција во цивилизираниот свет. Тоа им го кажувавме в лице и кога беа на врвот на својата моќ, а не па сега!?

Таа цивилизациска магистрала води низ правната држава, а не по козјите патеки на гнилите дилови во македонското политичко подземје.

Затоа, велам, би било добро Заев да излезе од улогата на директор на здружението „Лекари без граници“ и да се врати во улогата на актуелен премиер на Македонија. Ако го нема потребното мнозинство во Собранието, жалиме, но батали, таа историска можност за евро-атлантски интеграции, не по негова вина, е пропуштена.

Но, следното најдобро нешто на понуда е функционална правна држава. И тоа не како можност, туку, сега веќе, како животна неопходност за една Македонија вон ЕУ и НАТО. Тоа може и по пат на предвремени избори, а и не мора. Имате мандат, одработете го, за да заслужите нов.

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: двотретинско мнозинствоДоговор од ПреспаЕУЗоран ЗаевМакедонијаНАТОполитичка цена
Share1161TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ