Во полициска станица при СВР Скопје денеска бил извршен службен разговор со В.А., поради наведени податоци дека гимназијалец бил отруен со дрога ставена во пијалак, во објавен статус на социјалната мрежа Фејсбук, а со цел да се обезбедат евентуални дополнителни податоци во врска со случајот кои лицето може да ги има, соопшти МВР.
В.А.(професорката Виолета Ачкоска) во разговорот појаснила дека нема информација за таков настан, туку дека слушнала муабети од деца, а кога новинари телефонски ја повикале да поразговараат на темата, тогаш сфатила дека направила грешка и го избришала статусот.
Професорката го избриша статусот откако претходно ЦИВИЛ Медиа испрати прашања до професорката Ачковска:
Почитувана професорке Ачковска, би сакале да ни дадете изјава во врска со вашиот Фејсбук статус за починатото момче за кое тврдите дека му била ставена дрога во пијачка во кафуле. Дали може да ни кажете за кое кафуле се работи? Дали детето побарало помош од некоја институција/болница и притоа било одбиено, бидејќи го споредувате со случајот на малата Тамара? Дали знаете кои се тие што ставаат дрога во пијачките?
Таа на прашањата одговори со линк до Инфомакс, по што го избриша Фејсбук постот.
Во врска со случајот од страна на СВР Скопје ќе биде известено Основното јавно обвинителство Скопје, со цел добивање насоки за понатамошни мерки и активности.
Професорката Ачкоска пишала па ја избришала објавата за смртта на средношколец во Скопје