Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар, како дел од програмата на Проектот за граѓанско учество во Македонија на УСАИД, испрати повик за учество за доделување на грантовите за поддршка на граѓанско учество на младите (Youth Engagement Support).
АДИ упати повик до сите младински граѓански организации и неформални младински иницијативи за учество со свои креативни решенија за позитивно влијание на посветеноста на младите и на нивното активно учество во јавниот живот, како и за ангажирање и вклучување на младите во донесувањето на одлуки на јавните институции на ниво на централната и локалната власт, во однос на прашањата што се приоритет за младите, или за заедницата во која живеат.
Повикот трае до 13 јуни, а ќе се доделат четири грантови за поддршка за најмногу 12 месеци.