Претседателот на Собранието, Талат Џафери, му го вратил на судот барањето за одобрување притвор на пратеникот Трајко Вељановски, заради грешка во членот на кој судот се повикува.
Ова го потврдија официјално од кабинетот на Џафери, од каде додадоа дека откако барањето ќе биде исправено, службите ќе постапат по новото барање и во согласност со сите рокови и процедури. “Претседателот на Собранието ќе го врати барањето поради грешка на повикување на член, и од моментот на ново доставување на писмото ние сме спремни да постапиме по сите рокови”, известуваат од кабинетот на Талат Џафери.
А. Зеќири