• Latest

Џафери: Ќе обезбедиме механизми за превенирање на злоупотребата на моќ!

June 28, 2017
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери: Ќе обезбедиме механизми за превенирање на злоупотребата на моќ!

June 28, 2017 12:36
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Потребно е да се промени перцепцијата за Собранието и да се врати контролната улога врз работата на Владата. За тоа да се случи, неопходно е да постои политичка волја, а моменталното парламентарно мнозинство има желба да биде критичар на работата на извршната власт. Ова е ставот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој денеска ја отвори дебатата „Засилување на улогата на Собранието – Помеѓу реформите и политичката волја“.

„Перцепцијата зависи од транспарентноста на Собранието и од работата на секој пратеник. Неретко се случува власта и моќта да го расипе човекот. Затоа, треба да обезбедиме вистински механизми каде ќе имаме владеење на правото и високо развиена политичка култура и свест и одговорност, за да се превенира злоупотребата на таа моќ. Треба сите заедно, ако ја сакаме оваа наша држава, ако сме одговорни за сегашноста но и за иднината на генерациите што доаѓаат, треба со сиот свој капацитет да работиме на остварување на овие принципи! Одговорноста пред сè, врз нас кои сме добиле мандат од граѓаните да ја водиме државата, но одговорност имаат и другите општествени субјекти, а и секој поединец како граѓанин“, истакна Џафери.

 

Тој уште еднаш ја потврди заложбата за соработка и комуникација со граѓанскиот сектор, со стручната јавност и со граѓаните, како важен сегмент кога за функционирањето, транспарентноста и отвореноста на законодавниот дом.

На дебатата учествуваа повеќе претставници на граѓанскиот сектор, сегашни и поранешни пратеници од пратеничките групи во Собранието. На поканата за учество не одговорија пратениците од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ.

Од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, како организатори на настанот, ги презентираа мерките предвидени во планот за итни демократски реформи, документот – Блупринт, подготвен од граѓанскиот сектор во 2016 година.

Марија Саздовски од Платформа на граѓански организации за борба против корупцијата, зборуваше за исчекорот што тие успеаја да го направат со присуство на Комисијата за политички систем и односи со заедниците, во делот на надзорот на работата на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК).

„ДКСК е должна да поднесе годишен извештај до Собранието, до Владата и до претседателот на државата, што се усвојува без учество на експерти на граѓанските организации. Нашиот предлог е Собранието да не го усвои последниот извештај и да го врати на дополнување“, вели Саздовски.

Дебатата е организирана во рамките на долгогодишното следење на работата на Собранието од Институтот за демократија “Социетас Цивилис”, со поддршка од Цивика Мобилитас.

Марија Теговска

Tags: граѓански секотризвршна властконтроланадзорСобраниеТалат Џафери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ