• Latest

Џафери: Треба да се каже вистината, каква и да е!

February 6, 2018
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Десетици илјади на „Маршот за слобода“ во Приштина – собир што ги надмина партиските поделби

September 12, 2026

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
Одеса, 12 септември 2026

Продолжува рускиот терор против цивилите: Одеса под масовен напад, повредени 35 лица, меѓу нив и петмесечно бебе

September 12, 2026

Американската пошта развива избрзан и дефектен систем за гласачките ливчиња по наредба на Трамп, предупреди свиркач

September 12, 2026

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 12, 2026

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
Кијив, 11 септември 2026 (фото извор: Национална полиција на Украина)

Руски терор врз Украина: Кијив под дронски напади, цивилни објекти повторно цел на агресорот

September 11, 2026
Фото: Скриншот

Трамп ветува „дивиденда“ од 5.000 долари, Венс го тестира патот кон Белата куќа

September 11, 2026

ЕУ бара транспарентни плати, но повеќето земји не го испочитуваа рокот

September 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Џафери: Треба да се каже вистината, каква и да е!

February 6, 2018 15:47
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Арианит Џафери, од здружението Еко Герила во интервју за ЦИВИЛ Медиа зборува за слободата на изразување, медиумските слободи и активизмот.

ЦИВИЛ Медиа: Што претставува за вас слобода на изразување, слобода на медиуми и во овој контекст и активизмот?

Џафери: Слободата на изразувањето е еден од основните принципи на човековите права, и како такво, е свето, затоа мислам дека во Македонија постои слобода на изразување, но мислам дека, за жал, како да е доволно само толку, затоа што можеме да се изразуваме, а во меѓувреме нашето изразување не допира таму каде што треба, туку наидува на немање слух. Ние само можеме да го кажеме тоа што треба да го кажеме, додека властите не прават ништо во врска со тоа, односно, најчесто не прават ништо. Останува само како позитивна атрибуција, дека имаме слобода на изразување, а не дека властите слушаат и делуваат по тие укази.

ЦИВИЛ Медиа: На кој начин придонесувате и можете да придонесувате во контекст на подобрување на слободите, слободата на изразување и слободата на медиумите?

 Џафери: Јас како активист, но и ние како организација секогаш ги охрабруваме другите да го искажат своето мислење, какво и да е, да се изразат отворено и на кое било место, затоа што не смеат да се плашат. Често ги кажуваме работите какви што се, независно од тоа дали се соочуваме со закани и притисоци итн. Сепак, секогаш ги охрабруваме другите, особено младите, да се изразат слободно, да си го изразат незадоволството ако постои, и да не молчат во такви случаи. Меѓутоа, има случаи во кои медиуми или граѓани се самоцензурираат затоа што се плашат од последиците ако искажат некое незадоволство, но во секој случај сметаме дека треба да се каже тоа што треба, и да не стравуваат. Да речеме дека ова е некаков наш придонес, со давање пример дека треба да се каже вистината, каква и да е.

ЦИВИЛ Медиа: Дали до сега сте се соочиле со притисоци од бизнис и политичките центри на моќ и како сте се справиле со истите?

Џафери: Имало случаи кога од страна на одредени личности, партиски или режимски поддржувачи сме добивале закани ( по телефон) за работи што ги правиме или ги кажуваме, истите често и сме ги пријавувале во органите за ред и мир, во Тетовската полиција, и тие навреме реагирале и преземале мерки за да немаме последици или некој друг ризик. Исто така сме имале и други форми на притисоци, не како закани од одредени бизнис сили, од разни бизниси, не во форма на заканувања туку во форма на понуди, во смисла на купување на нашиот молк за одредени штети или проблеми што ги причинуваат, и таквите сме ги пријавувале во полиција или сме  ги игнорирале, и сме продолжиле со нашата работа.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се вашите препораки во контекст на подобрување на состојбите со слободата на изразување и медиумските слободи?

Џафери: Мислам дека има слобода на изразување и во медиумите и кај граѓаните, но сметам дека властите, владата, општините треба да слушааат тоа што се кажува од страна на граѓаните и медиумите, и да ги подобрат условите што треба да се подобрат, не е доволно да кажеме дека Тетово  е еден урбанистички хаос, во овие моменти сме сведоци на тоа што се случува. Кога ова укажување не допира до одредените власти и не се преземаат мерки за подобрување. Затоа мислам дека треба да постои едно построго функционирање на законите за да се стават пред лицето на правдата сите поедници и  државни или општински  институции коишто не ги почитуваат законите, и псебно во случаите кога има закани врз новинарите или поедници, за нивното изразено мислење.  Што значи дека треба да профункционира законот што ќе му даде повеќе слобода на изразувањето, и да му го даде правото значење за глувите иснтитуции, и да се подобри состојбата.

Маја Ивановска
Камера: Атанас Петровски


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Tags: @активизаммедиумски слободислобода на изразување
Share6TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ