• Latest
Добро утро со Орданоски

Ах, Европо, крава ли си за молзење, ил Медуза главата да ти ја отсечеме?

December 11, 2020
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Ах, Европо, крава ли си за молзење, ил Медуза главата да ти ја отсечеме?

December 11, 2020 07:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Во целата рашомонијада од разновидни сериозни последици врз Македонија и врз регионалното евро-проширување предизвикани од унилатералното (и незаборавно!) бугарско вето за наше блокирање на преговорите со ЕУ, македонската јавност, со право, нема ни време, а ни интерес, да се занимава со другите комплексности на „преплетот на црева“ во кој е заглавена Европската Унија.

На пример, ако не се случи некое, во најпоследен момент, преговарачко чудо, Велика Британија излегува од ЕУ без меѓусебен договор за уредување на нивните односи по мачната бракоразводна парница. Компликациите од таквата разделба – економски, транспортни, трговски, социјални итн., до безбедносни – ќе бидат со гаргантуални (!) размери на сите страни, иако „стапот“ најтврдо ќе се искрши врз британскиот грб.

Тоа им е јасно на сите во Брисел, како и на брегзит-генијалците во Лондон. Па, сепак, договор за разделба не успеаја да постигнат.

Натаму, драмолетката со усвојувањето на новиот европски буџет, во која пост-комунистичките Полска и Унгарија просто одбиваат да го усвојат елементарниот принцип за владеење на правото како услов за добивање десетици гратис милијарди евра во наредните години од џеповите на, главно, германските даночни обврзници, е приказна која, кога седите во европската паланка Скопје, се чини тотално суреална: па, нели токму владеењето на правото е суштината на сите суштински реформски суштини што ние треба(ше) да ги спроведеме за да (не) влеземе во ЕУ?!?! Како, сега, побогу, да ги спроведеме сите европски „шпаги“ за владеењето на правото, коешто требаше да е клучот за европските демократски стандарди што ја отвораат европската интеграциска брава – кога гледаме дека наместо клуч, во Европа уште користат калауз?!

И сето ова во услови на таква жестока фаза на ковид-пандемијата, кога во сите членки на ЕУ не знаат колку луѓе ќе им преживеат за воопшто да почнат да се вакцинираат идната пролет.

Така што, во петте преостанати минути од „десеттиот месец“ на трудната ЕУ-агенда, кога европскиот консензус е на пат да биде безбедно мртвороден, нормално е што во Брисел се нема сила за делотворен европски одговор на политички примитивниот став на Бугарија во однос на нашиот „въпрос“.

Во ЕУ не знаат газот каде им е, а не, пак, главата. Маргиналното прашање за европското проширување го оставија на совеста на Софија, која не го пропушти моментот за епохално да се прослави. Не разбрав точно што пелтечеше вчера Бојко Борисов во обраќањето до јавноста по разговорите со Бучковски, целиот заплеткан во „прва-рикверц“ оценките за бугарското поведение кон Македонија, но нам тоа и така ништо не ни користи. Кравата веќе ја клоцна кантата со млеко, бесмислено е сега да го анализираме молзењето.

Така завршува уште една фаза во македонското формативно искуство во преговорите со ЕУ. Нашите деца не беа ни родени кога ја започнавме оваа европска „епопеја“, а како што стојат работите, прашање е дали и нашите внуци ќе го доживеат европското членство пред тие да се пензионираат.

Долга е оваа заебанција. Таа ги илустрира сите големи предности и бројни проклетства за тоа што значи да се биде држава на најубавиот од сите, Европскиот континент.

Но, почнувам да верувам дека Европската Унија е како прекрасната Медуза, една од трите горгони во грчката митологија: од далеку вистинска убавица, од близу наместо коса, фризура од преплетени змии; ви се вкрстат ли погледите, ве претвора во камен. Ќе успее ли нашиов неуморен македонски Персеј да ѝ ја отсече главата?

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ