„Великосрпската политика со оваа гарнитура на власт се реорганизира и ја продолжува политиката на хегемонија. Ниту една пропаганда не може да го избрише фактот дека имаше геноцид во Сребреница“, изјави Ахмедин Шкријељ, пратеник на СДА Санџак во Собранието на Србија.
Шкријељ говореше на панелот „ Негирањето на геноциодот е карактеристика на големосрпската пропаганда“, на конференцијата „Сребреница – совеста на светот“, во организација на Странката на демократска акција на Македонија (СДА), што се одржува во денеска во Скопје.
Конференцијата ја отворорија претседателот на СДА – Македонија, Џелал Хоџиќ, и заменик-претседателот на Главниот одбор на СДА – БиХ, Алија Табаковиќ.