Без разлика на критиките за функционирањето на партијата „огнената група“ не се исклучува од Демократската унија за интеграција (ДУИ), изјави денеска претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Тој рече дека нивниот пристап е погрешен кога го претставуваат Ахмети како Ким Џонг-ун, но дека тие остануваат негови пријатели и соработници.
„Никој досега не е исклучен од ДУИ. Тие се мои пријатели, мои соработници, имаат многу погрешен пристап, и анализите што ги прават, значи јас сум Ким Џонг-ун. ДУИ е, мислам, една од најдемократските партии, најотворената на овие простори и ќе работиме уште понапорно да бидеме максимално транспарентни, така што ова нема врска со диктатура“, изјави Ахмети, пренесува ТВ21
Првиот човек на ДУИ рече дека парламентарното мнозинство е стабилно. Коментирајќи ги синоќешните изјави на претседателот на Алијанса за Aлбанците, Арбен Таравари дека е можно да бидат дел од Владата, Ахмети рече дека има обид да се создаде Алијанса за обединета Европа.
„Мислам дека парламентарното мнозинство е стабилно, има поразработен и понапреден пристап за Алијанса за обединета Европа и ќе видиме колку ќе функсионира и ќе ја реализираме оваа филозофија“, рече меѓу другото Ахмети.
Н. А