• Latest

Ако досега ветото за евроатлантските интеграции доаѓаше однадвор, сега прв пат може да дојде одвнатре, вели Ковачевски

July 28, 2023

Муцунски за „Политико“: Нема уставни измени, ако не добиеме цврсти гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последното барање од Софија

August 27, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Српска Алта Груп побара запирање на постапката за преземање на Стопанска банка Битола

August 27, 2025
Фото: Скриншот од видео на
The White House

„Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

August 27, 2025

Јагода и вестите

August 27, 2025

ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

August 27, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

ОН бараат правда за двојниот израелски напад врз болница во Газа, во кој загинаа пет новинари и четири здравствени работници

August 27, 2025
Фото: Генералштаб на вооружените сили на Украина/ Фејсбук

Украинските одбранбени сили го запреа руското напредување во Днипропетровската област

August 27, 2025

24 ЧАСА: ДИК избра нови членови на ОИК; косовското собрание доби претседател по 58 обиди; Украина онеспособи 17% од нафтените капацитети на Русија; во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

August 26, 2025

Лажна фотографија од Запорижја разобличена како руска пропаганда, дистрибуирана и локално

August 26, 2025
Фото: Скриншот

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ако досега ветото за евроатлантските интеграции доаѓаше однадвор, сега прв пат може да дојде одвнатре, вели Ковачевски

Граѓаните уште пред 32 години го определија курсот на движење на земјава, кон НАТО и кон ЕУ, а уставните измени, кои се согласно Преговарачката рамка, се нешто што може да го завршат исклучиво македонските политичари, а не некој однадвор, изјави премиерот Ковачевски

July 28, 2023 13:05
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните уште пред 32 години го определија курсот на движење на земјава, кон НАТО и кон ЕУ, а уставните измени, кои се согласно Преговарачката рамка, се нешто што може да го завршат исклучиво македонските политичари, а не некој однадвор, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања во врска со тоа дали разговарал со опозициската ВМРО-ДПМНЕ или чека странците да го сторат тоа, но и за роковите и што доколку не се донесат до ноември, кога завршува скринингот. Тој додаде и дека досега ветото за евроатлантските интеграции доаѓало однадвор, а денес прв пат тоа може да дојде одвнатре.

-Ако досега ветото за Северна Македонија за евроатлантските интеграции доаѓаше однадвор, денес прв пат ветото може да дојде одвнатре и тоа од политички партии, кои понекогаш декларативно кажуваат дека се за европска интеграција на државата, меѓутоа тие историски имаат докажано дека се против евроатлантските интеграции на државата. Она што е најфрапантно е дека ние за првпат имаме политичар по 32 години независност, кој во јавна изјава вели дека европската агенда не е иста со македонската агенда. Тоа досега ниту еден политичар во државата не го кажал. На почетокот на оваа недела претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека европската агенда не е иста со македонската агенда. Тоа значи дека тој има некаков друг план во однос на интеграцијата на државата и треба да го објасни, рече Ковачевски додавајќи дека граѓаните пред 32 години се определиле земјата да стане дел од НАТО и ЕУ.

Ковачевски, кој денеска присуствуваше на поставување камен темелник на Полициската станица од општа надлежност Аеродром, нагласи дека уставните измени се работа, која можат да ја завршат само македонските политичари, без разлика на која политичка партија припаѓаат и додаде дека уставни измени се дел од Преговарачката рамка која е усвоена од 27 земји-членки на ЕУ, прифатена од Собранието, процесот е почнат, откако работната група го изработила предлогот, Владата го одобрила, а потоа поминал и во собраниската Комисија за уставни прашања. Премиерот вели дека според дискурсот во јавната комуникација нема ниту една забелешка на уставните амандмани, бидејќи не задираат во ниту едно идентитетско прашање.

-Се работи за техничка измена на Уставот во која што покрај постојните делови од народи кои се дел од нашата Преамбула се додаваат делови од други народи кои досега не биле дел од Преамбулата, меѓутоа биле наведени под „други“ во самата Преамбула и со тоа практично се демантираат сите оние невистини, лаги, хистерија кои се ширеа во текот на изминатата година во однос на тоа дека во Македонија ќе се случела бугаризација, асимилација итн. Гледате дека тоа веќе не постои во јавниот дискурс, освен од неколку платени руски ботови, т.н. аналитичари па и некои политичари, коишто заради финансиски средства мораат да така да зборуваат, истакна Ковачевски.

Тој додаде дека дискусиите во однос на уставните амандмани се воделе со сите политички партии и тие биле јавни, со претставници на претседателите и на партиите од опозицијата, коишто ги истакнале своите ставови во однос на истите.

-Во нашиот Устав ќе бидат вклучени други народи, вклучително и делови од бугарскиот народ. Се работи за 3.400 граѓани коишто се самоопределуваат како Бугари и живеат во Република Северна Македонија, рече Ковачевски.

Истакна дека се повеќе на уставните амандмани не се гледа како како гласање во Собранието за додавање на други делови од народи, туку како гласање за европската иднина на државата.

Во однос на роковите вели дека преговарачката рамка е многу јасна и децидна – предвидува одржување на прва меѓувладина конференција по усвојувањето на заклучоците во Собранието, што се случи лани во јули, почеток на скрининг процесот, кој треба да се одвива до ноември. Откако ќе заврши скринингот и откако ќе бидат направени уставните амандмани, значи се работи за два одвоени процеса тогаш веднаш утредента се закажува втората меѓувладина конференција на која што се отвораат поглавјата од првиот кластер – фундаменти, појаснува Ковачевски.

-И затоа го кажавме тој датум – дали ќе биде ноември, дали ќе биде 1 декември, 15 декември тоа е работа на реално она што ќе се одвива во Брисел. А тоа што се одвива во Брисел е секогаш јавно достапно, низ директен пренос, а сега преку многу јасни соопштенија од страна на сите тимови коишто таму одат, рече Ковачевски.

На прашањето што ќе се случи ако до 30 ноември не се спроведат уставните измени, Ковачевски рече дека ако се донесат на пример во февруари идната година, тогаш и ќе се одржи и меѓувладината конференција.

Додаде и дека во Преговарачката рамка се вели дека ЕУ го признава македонскиот јазик како македонски, чист без никакви фусноти, додавки и придавки, што претходно не било случај, што беше една од обврските на Унијата, а втората е по уставните измени без никакво одложување да се одржи втората меѓувладина седница.

Истакна и дека нема да има репреговарање за нова преговарачка рамка, што јасно било укажано од сите претставници од ЕУ земјите, кои дошле во Северна Македонија, од страна на членовите на ЕК кои доаѓаат тука, како и од претседатели на држави-членки на ЕУ.

– Утопија и лажење на народот е кога некој политичар, особено од опозицијата ќе каже дека ќе преговарале нова преговарачка рамка. Тоа го гледавме 11 години кога тие преговараа, наместо во 2008 година Северна Македонија да изнајде решение со Грција, тие му кажуваа на народот дека ќе преговарале, ќе репреговарале и на крај што добивме – не добивме ништо. Ние преговорите ги започнавме заедно со Хрватска. Заради неодлучноста, заради немањето визија на ВМРО-ДПМНЕ, 11 години чекавме во чекалната. По 17 години ги започнавме преговорите. Патот кон ЕУ Северна Македонија го почна заедно со Хрватска. Денес Хрватска е веќе 10 години членка на ЕУ, дел од Шенген зоната и држава која што го воведе еврото и држава каде што наши работници не оделе да работат, а сега одат да работат за поголеми плати. А во Хрватска се поголеми платите, бидејќи Хрватска и ние сме имале исти плати, бевме дел од Југославија. Денес Хрватска има многу поголеми плати од тоа што има Македонија, единствено затоа што е дел од ЕУ. И затоа секој пратеник во Собранието треба ова да го има пред себе кога ќе ја носи одлуката во наредниот период, рече Ковачевски.

Премиерот нагласи и дека нема друга алтернатива за земјава, освен европската и евроатлантската.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУинтеграцииНАТОуставни измени
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ