• Latest

Ако има нов бран повторно ќе се воведат рестриктивните мерки

May 27, 2020
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
Фото: Х

Коалицијата на меѓународни организации за слобода на медиумите бара од Фон дер Лајен да ги претстави барањата за слобода на медиумите пред српските власти

October 13, 2025
Фото: zbruc.eu

Револуцијата на гранит: Првиот украински Мајдан и неговите лекции по 35 години

October 13, 2025

Се финализираат подготовките за Локалните избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

Венецијанската комисија го одложи усвојувањето на оценката на предлог- законот за правична застапеност во Северна Македонија

October 13, 2025

Косово, локални избори: Ниска излезност, втор круг во 17 општини – според Курти, во Митровица имало инженеринг и мешање во изборниот процес

October 13, 2025

АВМУ: Ноќеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за Локалните избори 2025

October 13, 2025
Војо Маневски

Граѓаните прашуваат ли нешто?

October 13, 2025
Скриншот од видео на Sky News Australia

Сите 20 живи заложници во Газа ослободени и предадени на ИДФ

October 13, 2025
Илустрација ВИ

Последна недела од кампањата за локални избори

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Ако има нов бран повторно ќе се воведат рестриктивните мерки

May 27, 2020 22:09
in Uncategorized, ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Терминот во кој што може сигурно да се очекува отворање на градинките е 15 јуни, бидејќи до тогаш ќе биде завршен скринингот на вработените, најави министерот за здравство Венко Филипче.

Скринигот на градинките се очекува да заврши до 15 јуни, а веднаш потоа ќе се тестираат и здравствените работници, полицијата, армијата. Планот за почнување на работата на кино салите, театрите, теретаните ќе биде објавен во следните два дена, и исто како угостителските објекти, и тие ќе работат во неколку фази, вели Филипче. Тој вечерва во емисијата Топ Тема на телевизија Телма истакна дека за летните месеци се планира и скрининг на таргет групи за антитела, за да се увиди каква е состојбата со граѓаните во однос на имунитетот.

-По скринингот на градинките, кои мора да се пуштат во функција за луѓето да се вратат на работа, ќе се следат и медицинските лица, полиција, армија. За летните месеци планираме и еден одреден скрининг на таргет групи за антитела да видиме каква е состојбата со граѓаните, населението, во однос на имунитетот иако податоците од околните земји и некои други европски земји велат дека е навистина рано да се очекува стекнат имунитет. Многу е мал процентот на граѓани кои имаат антитела, дел од нив ја прележале болеста, дел несвесно ја прележале болеста или имале некои симптоми на кои воопшто не им ни обрнале внимание, но тоа е нешто што го планираме бидејќи мора да знаеме каква е ситуацијата во однос на имунитетот и по потреба да планираме и димензионираме мерки за есенските месеци, кога веќе ќе бидат вратени луѓето од патувања, ќе почнат во функција школите и градинките…, рече Филипче.

Додаде дека можен втор бран на вирусот наесен, и во тој случај повторно би се имплементирале рестриктивните мерки, но како што рече, системот е подготвен и располагаме со дополнителен капацитет и опрема на клиниките.

-Ако се случи нов бран, СЗО предупредува дека е можно и тоа да биде едно од сценаријата, очекувано е дека ќе треба да се имплементираат повторно рестриктивните мерки, но добро е што ние во меѓувреме работевме и ќе работиме на надградување на болничките капацитети. Сега имаме дополнителен капацитет и на Инфективната клиника, монтажната болница, веќе и докторите и медицинските сестри се свесни за каква патологија станува збор, во смисла што може да се очекува од клиничлиот тек на пациентите, па една рутина која што се стекнува со лекување на овие пациенти, додаде Филипче.

Дополнителна опрема и заштитните материјали се набавени, и државата е подготвена за втор пик доколку не снајде наесен. Дополни дека во тој случај апсолутно е можно и затворање на градинките и училиштата.

Прашан кога може да се очекува да профункционираат комплетно клиниките, Филипче одговори дека веќе од следната недела ќе почнат да се извршуваат интервенциите кои досега беа одложувани.

– Не целосно, но од почеток на следната недела веќе ќе почнат да се извршуваат интервенциите кои беа одложувани, постепено ќе ги враќаме сите тимови на работа, не нагло и наеднаш, и тој период некаде ќе трае две до три недели, но ќе почнат да се вршат интервенциите кои беа одложувани, како во болницата  така на клиниките и во другите болници во државата, додаде министерот за здравство.

За работа на театрите, кино салите, тератаните, има план кој ќе биде објавен во следните два дена.

-Сега е навистина рано, ние во следните неколку денови ќе го објавиме и динамичкиот план врз основа на кој ќе се прават ослободувањата. Тој динамички план ги опфаќа и објектите односно сите овие институции и времето кога очекуваме да тие се вратат во функција. За враќање во функција на деловите кај кои има се уште некое ограничување, ќе оди како во угостителските во неколку фази, рече Филипче

Print Friendly, PDF & Email
Share41Tweet26Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ