Мерките за решавање на проблемот со загадениот воздух во Скопје не се реални, ниту пак имаат некакво влијание врз прочистувањето на воздухот. Одлуката за бесплатен јавен превоз, којашто неколку пати се донесува и не трае повеќе од два дена, а во меѓувреме во градот се движат многубројни приватни возила, што значи тие што секојдневно користат јавен превоз, се истите што го користат и кога е бесплатен и нема никакво зголемување на јавниот превоз.
Скопје треба да ја земе за пример Приштина и да престане со одлуки што се пократки од партија шах на пензионерите во чајџилница. Здравјето на жителите на Скопје и на цела Македонија е загрозено од загадениот воздух, а секојдневно расте бројот на хронично болни лица во Скопје.
Само како пример, можам да посочам на неколку мои другарки и другари.
Нашите градоначалници треба да сфатат дека на таа функција се ставени од граѓаните за да се грижат за нив и да работат за нив, а не да прават почетнички грешки со одлуки кои веќе се смешни за луѓето и истовремено да очекуваат тие да ги почитуваат.
Ако сакаат да служат за пример, тогаш тие нека ги испочитуваат сопствените одлуки. И тие се луѓе, и за нив служи јавниот превоз.
Приштина, реално, поправете ме ако грешам, во регионот има најдобри мерки до сега за решавање на проблемот со загадениот воздух.
Блокиран е сообраќајот за приватните возила од 6 до 22 часот, снабдувањето на бизнисите со роба се вржи од 22до 06 часот наутро, продажбата на јаглен е забранета, јавниот превоз е бесплатен… и освен службените возила на полицијата, дипломатските возила, Брза помош и возилата кои вршат транспорт на лицата со посебни потреби, за сѐ друго е тука полицијата заедно со државниот инспекторат да се грижи мерките да се спроведе од првата, па сѐ до последната точка.
За нас останува да се гушиме секојдневно, да се смееме од мака, затоа што и зборовите веќе ни се ветер и магла, а за фабриките и дивите депонии… се уште ли треба да пишуваме?
Во меѓувреме големите ни татковци удобно сместени во фотелјите нека размислат.. и нивни деца се во прашање, семејства, роднини и пријатели.. и за нив се работи…
Па, ако за нас не им е гајле, барем за себе да размислат.