Идејата за бојкот на референдумот не е добра, вели Пол Мекарти, вршител на должност регионален директор за Европа во Меѓународниот републикански институт во Вашингтон, во интервју за Гласот на Америка.
Тој вели дека е важно граѓаните да гласаат независно од тоа дали се за или против.
„Нивно право е да бојкотираат но ако сакаат гласот да им биде слушнат мора да излезат на гласање. Многу е важно за иднината на државата да се види нивото на поддршка за одење напред“, вели Мекарти.
Најновата анкета на ИРИ покажува дека само 7% од граѓаните го прочитале Договорот со Грција лично, што за Мекарти е загрижувачки, како што е критична бројката од 49% кои се изјасниле дека ќе гласаат „за“ на претстојниот референдум.
„Ова е историска шанса и можност и се надеваме дека македонските граѓани ќе излезат да гласаат. Многу е важно државата да оди напред“, вели Мекарти.