ЦИВИЛ продолжува со теренски активности со проектот Слободни медиуми за слободно општество. Со информативен штанд на градскиот плоштад и средби со граѓанките и граѓаните, медиумите и граѓанското општество, тимот на ЦИВИЛ денеска е во посета на Кавадарци од 13:30 часот.
Граѓанките и граѓаните на Кавадарци ќе имаат можност не само да се запознаат со медиумската платформа и проектните активности на ЦИВИЛ, туку и да споделат свои мислења и ставови како да се подобри соостјба во медиумите, но и да споделат свои животни искуства и проблеми, да посведочат за локални неправди, вклучувајќи го и влијанието на политичките процеси на локално и национално ниво.
Со овој проект, ЦИВИЛ ќе даде придонес во повеќе комплексни области во тешкиот период на транзиција и демократизација. Со искусен тим, прекален во годините на предизвици, ќе се создаде и артикулира слободен и безбеден простор за динамична размена на информации, ставови и анализи, кои ќе им се понудат на јавноста и институциите. Воедно, проектот ќе даде голем придонес кон политичкиот и општествениот дијалог, јакнење на слободата на изразувањето и медиумската писменост на граѓанките и граѓаните.
Б.Ј.