Реторички е прашањето дали е возможно да има недискриминација, еднаквост и почитување на мултикултурализмот во нашето општество, и за нас нема друга алтернатива освен да ги ги подржуваме и веруваме во европските вредности и имаме обврска да ги спроведеме, истакна националниот координатор за интеркултурализам, Роберт Алаѓозовски, на јавниот наста на ЦИВИЛ на тема „Европските вредности – (не)возможна мисија: Еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот низ призмата на политиките и практиките на национално ниво“.
„Поаѓајќи од состојбата на негативни појави во минатото кои беа нотирани во низа извештаи, ние решивме да им ставиме крај на дискриминацијата, нееднаквоста, поделеноста, особено меѓуетничката поделба.
Ова стратегија е да се надминат сите разлики и да не прави поделби на „или-или ситуации“. Мултикултурата мора да живее и да биде достапна.
Особено со цел да ја надминеме таа поделба и јаз во општеството. Недржавничко е ако од предизвиците се разочараме. Секогаш ќе се соочуваме со предизвици, но мора да продолжиме со работа.
Министерството за политички систем доживеа трансформација за да може да функционира подобро“, истакна Алаѓозовскаи.