• Latest
Добро утро со Орданоски

Алан Форд ја покори Европа!

September 14, 2018

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Алан Форд ја покори Европа!

September 14, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]Г[/dropcap]о одгледав настапот, и реакциите на говорот на Заев во Европскиот Парламент. Беше тоа обраќање на лидер на една мала европска земја кој успеа да ги погоди речиси сите „струни“ важни за моментните „штимања на инструментот“ со коишто се занимава најуспешниот проект во историјата на светот за помирување и прогрес низ соработка, Европската Унија. Македонскиот премиер прокламираше интеграција, стабилност, права, толеранција, почит, разбирање за различностите, прегратки за соседите… И сето тоа кажано на македонски јазик, овој што со Преспанскиот договор го „продадовме“ на Грците, со еден директен речник, без непотребни интелектуални бравурии, искрено, на места самокритично и по малку европски апологетски, но оптимистички и струмички топло!

Така ви е тоа кај овој муртински Заев: Речиси сè што гледаш во излогот, го наоѓаш и во дуќанот. Добро, злобниците би рекле дека дуќанот му е како алан-фордовска пиљара, каде вагата е малку криво баждарена, а повремено се штеди и на фискални сметки, ама треба да сте политички хај-хуј ако мислите дека кај Европејците ќе поминеме со квази-антикварница, дуќанот што со години го нуди со својот позлатен (со поликолор) излог домашната конкуренција на Заев. Забораваат дека низ европските метрополи барокот е оригинален, како и столиците од периодот на Луј XIV.

Следствено, настапот на Заев беше прекинуван со аплаузи на отворена сцена, а на крајот проследен со неколкуминутно стоечко ракоплескање на големо мнозинство од сегашните 751 европарламентарци, со овации, комплименти, пријателски потчукнувања по рамо и чекање на ред за селфи со македонскиот премиер. Могерини го испрати не до излезот на зградата во Стразбур, туку со владиниот авион до Скопје.

Има разлика. Светлосна.

Оваа европејска демонстративна симболика говори и за деликатниот момент во кој се наоѓа европската политика во чиј контекст беше дочекан Заев во Стразбур. Следуваат европските избори во мај 2019 година на кои демократските и либерални европски сили, и лево и десно од центарот, ќе се судрат со популистичките десничари и со крајната европска десница, за да го спречат натамошниот раст на анти-еврпските, радикални, крипто-фашистички движења и партии ширум Западна Европа.

Лидерите на таа пресудна претстоечка политичка пресметка, на крилата на проевропските демократски сили, се Меркел и Макрон. Од другата страна е Орбан со сите негови европски копии. Токму на последната седница на Европскиот парламент големото мнозинство евро-парламентарци усвоија резолуција со која се закануваат дека ќе се воведат санкции за Унгарија заради нејзиното непочитување и негирање на темелните вредности и принципи на Европската Унија.

Тоа е контекстот во кој Заев држеше точен и шармантен говор во Стразбур. Тоа е атмосферата во која ги разгали европарламентарците.

Да ве потсетам, на неодамнешната визита на Скопје германската канцеларка Ангела Меркел долета од Марсеј, после дводневни состаноци со францускиот претседател Макрон.

Затоа и мислам дека е точна информацијата на Мицкоски дека на дваесетминутната средба во Скопје со Меркел, тие меѓусебно си размениле рецепти за апфел-штрудл и ајвар. Водењето на важната политика за земјава секако е препуштена во рацете на Заев.


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

 

Tags: аплаузговорЕвропски парламентЗоран ЗаевМакронМеркелМицкоскиМогериниовации
Share406TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ