• Latest

Алармантна состојба во погоните на +35 степени

June 28, 2017
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Алармантна состојба во погоните на +35 степени

June 28, 2017 13:28
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе од 20.000 работници во текстилната индустрија работат на температури повисоки од 35 степени Целзиусови, а работодавачите штедат струја! Сè случува работнички и да колабираат на работно место, особено повозрасни жени и трудници, а инспекциските служби не преземаат ништо!

Текстилна работничка од источна Македонија за ЦИВИЛ Медиа вели дека во средината на јуни поминала рутинска контрола на Трудовата инспекција, ја разгледале најновата колекција на која се работи и си заминале. Попатно, добиле по некој подарок од сопствениците.

„Една блуза вреди повеќе од човечки живот!“, коментирале работничките.

Од здружението „Гласен текстилец“ за ЦИВИЛ Медиа велат дека секоја година, односно секое лето, температурите во конфекциите се неподносливи, и поради слабо или воопшто неклиматизираните хали, лимените покриви и загревањето од машините и пеглите, достигнуваат и над 35 степени.

„Апаратчињата на Инспекторатот покажуваат друго, магија едноставно! Ситуацијата е таква каква што е, но најлошо е што животот на работниците е загрозен на таквите температури, чести се онесвестувања, лошење, покачен крвен притисок… Трудниците и старите лица се особено погодени. И дури, и некоја од нив да падне во бесознание, не се вика Брза помош, туку се ладат со шишиња со вода, се преместуваат на пола саат во магацини или во канцеларии, за да се освежат, и да се вратат пак на машината, за да продолжи производствениот процес. Се работи за човечки животи, а зошто никој не го сфаќа тоа сериозно, останува мистерија! Односно, навикнати сме низ годините, и тоа веќе се смета како нормална појава“, изјавија за ЦИВИЛ Медиа од „Гласен текстилец“.

Тие потенцираат дека секојдневно добивааат повици од жени кои прашуваат што би се случило доколку не останат на прекувремена работа на барање од газдите и шефовите, бидејќи се исцрпени од осумчасовната работа.

„Нам како на здружение, ни се врзани рацете, бидејќи смееме само со претставки до Инспекторатот да реагираме, а однапред го знаеме исходот“, велат од здружението.

Работниците велат дека инспекциските служби постапуваат исклучиво по писмена пријава, која во помалите места, нема ни кој да ја прими бидејќи не постои архивска служба, а инспекторите се наводно постојано на терен.

„Постојано апелираме до надлежните за злоупотреби, постојано за неплатени прекувремени часови, за работа во недела или празник, за лоши услови и за неосигурани работници кои се и нелојална конкуренција на пазарот на труд.  Од први август ќе започнат во повеќето конфекции годишните одмори што се пресметуваат заедно со неработни денови и празници, па така, работниците користат околку четири до пет дена годишен одмор! Апелираме и до работниците да пријавуваат, сепак е 21 век, време е да прекине тој нехуман однос!“, апелираат од „Гласен текстилец“.

Маја Ивановска

Tags: „Гласен текстилец“високи температуригодишни одморизлоупотребинеклиматизирани халитекстилни работничкиТрудова инспекцијауслови
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ