• Latest

Албански медиуми: Албанската опозиција продолжува со протести во собранието; Столтенберг во Косово; како се присвоија милиони евра за инцинераторот во Тирана?

November 20, 2023
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Младиќ меѓу хашката пресуда и политичката митологија

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Албанската опозиција продолжува со протести во собранието; Столтенберг во Косово; како се присвоија милиони евра за инцинераторот во Тирана?

November 20, 2023 10:43
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Албанскиот парламент опозицијата продолжува со немири во знак на протест против  одбивањето на мнозинството да формира истражни комисии додека албанскиот премиер Еди Рама денеска најави седница за усвојување на државниот буџет за 2024 година.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг  во рамки на турнејата на земјите од Балканот, денеска престојува во Косово.

Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ- Прес.

АЛБАНИЈА

Сури нет: Опозицијата  протестира, Рама ги собира социјалистите во Собранието за да го изгласаат Буџетот за 2024 година

Додека пратениците од опозицијата во Собранието го продолжуваат протестот против одбивањето на мнозинството да формира истражни комисии, право што произлегува од Уставот, премиерот Еди Рама и пратеничката група на Социјалистичката партија ќе се сретнат во Собранието во 10 часот да го одобри државниот буџет за 2024 година, еден од најважните закони во Албанија, пренесе Сури нет.

Шќип: Бериша повторно го одбива ЃККО, на суд одат само неговите  адвокати

Во Специјалниот суд за корупција и организиран криминал пристигнаа адвокатите на поранешниот премиер Сали Бериша.

Во Апелација  на ЃККО денеска се одржува рочиштето за поранешниот премиер и неговиот зет Јамарбер Малтези за случајот „Партизани“.

Сали Бериша и Јамарбер Малтези ја обжалија одлуката на ЃККО со која се оставени на сила безбедносните мерки против нив за случајот Партизани, пренесе албанскиот портал Шќип.

Јава Њуз: Пирамидата во Тирана: Некогаш музеј за Енвер Хоџа, денес технолошки центар

Некогаш музеј посветен на албанскиот диктатор Енвер Хоџа, Пирамидата во Тирана сега се претвори во технолошки центар и важна туристичка атракција во Албанија.

Пирамидата стана дел од вечерната прошетка на граѓаните на Тирана, од амбициите на младите да станат дел од тамошниот технолошки центар, како и дестинација на странските туристи кои сакаат одблиску да видат како симбол на минатото.

Трансформацијата на Пирамидата чинеше 22 милиони долари. Интервенциите во неговата внатрешна и надворешна структура беа извршени без да се влијае на нејзината оригинална архитектура, пишува Јава Њуз.

КОСОВО

Сури нет Косова: Столтенберг на посета во  Косово во време на тензии и предупредувања за можни конфликти

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска  ноември престојува во Косово, во рамки на турнејата во повеќе држави од регионот, каде шефот на западната воена алијанса ќе оствари средби со шефовите на држави.

Според агендата, во Косово шефот на НАТО ќе се сретне со претседателката Вјоса Османи, премиерот Албин Курти и со командантот на мировната мисија на алијансата на Косово, КФОР, Озкан Улуташ, пренесе Сури нет Косова.

Газета Блиц: Едно лице е уапсено во Брњак, нападнал полициски службеници

Едно лице е уапсено во Зубин Поток селото  Брњак, откако одбил да ги приложи документите за идентификација и сообраќајната дозвола, обидувајќи се да замине со автомобил, а потоа при приведувањето, тој  физички ги нападнал полициските службеници, пренесува Газета Блиц.

КОЛУМНА

Сури нет: Како се присвоија милиони евра за договорот за инсинераторот  во Тирана?

Разрешени се мистериите на акционерите на офшор компанијата Geogenix. Клодијан Зото и Мирел Мертири се вистинските сопственици на инсинераторот во Тирана. Од почетокот на реализацијата на договорот и до моментот на заплена, државата за концесијата платила 56,2 милиони евра.

Од нив, 39,2 милиони евра користеле фирми поврзани со двоецот Зото-Мертири, „ИТС“, „Зото консалтинг“ и фиктивните фирми што биле отворени на име на некои лица чиј идентитет е украден, пишува авторката Ола Ѕама во колумната Како се присвоија милиони евра за договорот за инцинераторот  во Тирана?, објавена во Сури нет.

Подготви: Д. Тахири

 

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ