• Latest

Албански медиуми: Граѓаните на Косово без визи во Шенген зоната, Минатата година во Албанија беше во знакот на СПАК; Бериша во домашен притвор

January 2, 2024

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Граѓаните на Косово без визи во Шенген зоната, Минатата година во Албанија беше во знакот на СПАК; Бериша во домашен притвор

January 2, 2024 11:44
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Голем број политичари, функционери или поранешни функционери, главно од високите нивоа на централната и локалната власт, го минаа прагот на зградата на СПАК за време на минатата година во Тирана, резимираат албанските медиуми.

Во Косово, од 1 јануари 2024 година, граѓаните ќе можат да патуваат без визи во земјите од Шенген зоната.

Ова се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за првото издание на АЛ-Прес во 2024 година.

АЛБАНИЈА

Газета Тема: 2023 година во Албанија, во знакот на СПАК!

Во Албанија, Обвинителството и Специјалниот суд беа во центарот на вниманието во текот на 2023 година. Голем број политичари, функционери или поранешни функционери, главно од високите нивоа на централната и локалната власт, го минаа прагот на зградата на СПАК за време на минатата година во Тирана, од каде не заминаа сите, пишува Газета Тема.

ДВ: Поранешниот премиер Бериша е ставен во домашен притвор

„Специјалниот суд против корупција и организиран криминал во Албанија, (ЃККО) одобри во саботата 30.12.2023 барањето на Специјалната антикорупциска структура (СПАК) против него да се преземе безбедносна мерка куќен притвор.“, пренесе Дојче Веле на албански јазик.

КОСОВО

РСЕ: Граѓаните на Косово ќе можат да патуваат без визи во земјите од Шенген зоната

Од 1 јануари 2024 година, граѓаните на Косово ќе можат да патуваат без визи во земјите од Шенген зоната.

Либерализацијата на визите им овозможува на граѓаните на Косово, кои имаат биометриски пасоши, да престојуваат до 90 дена – во рок од шест месеци – во која било од 27-те земји-членки на Шенген зоната, пренесе Радио Слободна Европа.

Епока е Ре: Почеток на големиот судски процес и нови обвиненија од Хаг

Хаг беше центар на случувањата за поранешните водачи на ОВК. Таму почнаа судења и беа донесени пресуди од втор степен. Но, за работата што се одвива во Хаг, во текот на 2023 година вниманието беше насочено и кон Косово. Следствено, беа потврдени и нови обвиненија за мешање во правдата, пишува Епока е Ре.

Газета Експрес – Реутен: По визите, следниот чекор на ЕУ е да му даде кандидатски статус на Косово

Пратеникот од редовите на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (С&Д) во Европскиот парламент (ЕП), Тијс Реутен, смета дека следниот чекор на Европската унија во однос на Косово по визната либерализација ќе биде натамошната обработка на косовските апликација за членство во Унијата, пренесе Газета Експрес.

КОЛУМНА

Коха: Лажните две евра како валута на нашето лице

„Не требаше многу време за фалсификуваните монети да станат секојдневие, мерењето на нивната тежина, тестирањето со магнетно стапче, да стане ритуал. Почнав да собирам лажни монети, кога веќе беше нормализирана нивната лажност, заедно со нејзината безвредност на пазарот. А лажните две евра веќе ни станаа валута на лицето“, пишува авторот Гранит Курти во колумната „Лажните две евра како валута на нашето лице“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ