• Latest

Албански медиуми: Косовските пасоши за Србите – прашање на интеграција или избор; Во Звечан уапсен српски државјанин баран од ИНТЕРПОЛ; Рама скептичен за почеток на преговори со ЕУ поради Грција

November 29, 2023
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Младиќ меѓу хашката пресуда и политичката митологија

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Косовските пасоши за Србите – прашање на интеграција или избор; Во Звечан уапсен српски државјанин баран од ИНТЕРПОЛ; Рама скептичен за почеток на преговори со ЕУ поради Грција

November 29, 2023 10:35
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија во април годинава предупреди дека визната либерализација, одобрена за Косово, се однесува само на имателите на косовски пасоши, истото тело – во средината на ноември – даде препорака за укинување на визите и за имателите на административни пасоши. Државјанин на Србија баран од ИНТЕРПОЛ вчера е уапсен во Звечан,  поради сомнение дека сторил кривично дело криумчарење стока, вадење или оштетување службени пломби.

Ова се дел од  темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО 

РСЕ: Косовските пасоши за Србите – прашање на интеграција или избор

Откако Европската комисија во април годинава предупреди дека визната либерализација, одобрена за Косово, се однесува само на имателите на косовски пасоши, истото тело – во средината на ноември – даде препорака за укинување на визите и за имателите на административни пасоши, Координација. кој функционира во рамките на Министерството за внатрешни работи на Србија.

Владата на Косово тогаш ја изрази својата „загриженост“ за таквиот предлог без претходна консултација или известување.

Официјална Приштина не ги признава српските пасоши на Координативната управа, бидејќи ја смета за нелегална институција, пренесе РСЕ на албански јазик.

Зери: И денеска во Хаг продолжува судскиот процес против поранешните лидери на ОВК

Судскиот процес против поранешните водачи на ОВК се очекува да продолжи денеска од 09:30 часот. Заштитениот сведок W04444, за кој се тврди дека бил уапсен и малтретиран од припадниците на ОВК во соодветниот период, беше 35-от сведок на ЗПС во судењето на Тачи и другите, кои сведочеа вчера на 13 ноември.

За судскиот случај „Тачи и други“ неделава се планирани четири рочишта, пренесе Зери.

Газета Експрес: Во Звечан уапсен српски државјанин баран од ИНТЕРПОЛ

Државјанин на Србија бил уапсен вчера во Звечан поради сомнение дека сторил кривично дело криумчарење стока, вадење или оштетување службени пломби, пишува Газета експрес.

Според полицијата, по проверка се испоставило дека се работи за лице барано од ИНТЕРПОЛ, пренесе Газета Експрес.

АЛБАНИЈА

Клан: Албанија ја слави 79-годишнината од ослободувањето

Денеска се одбележуваат 79 години од ослободувањето на земјата од окупацијата на нацистичка Германија. Во чест на овој ден, државните авторитети ќе се поклонат на Народните гробишта во чест на хероите од НОБ.

Во текот на денот ќе има неколку  активности кои во Тирана кулминираат со таканаречената Бела ноќ и големиот концерт во вечерните часови.

Политиката го слави овој датум поделено,  бидејќи 29 ноември е празник само за левицата, додека десницата го слави 28 ноември како ден на независноста и ослободувањето, пренесе Клан.

Сури: Рама скептичен за почеток на преговори со ЕУ поради Грција

Премиерот Еди Рама не е оптимист за можноста во рамките на интегративниот процес Европската унија да отвори разговори за првата група поглавја со Албанија во месец декември.

Европската комисија побара од земјите-членки овој процес да започне на крајот на оваа година, но за време на разговорот со Атлантскиот совет за интеграција во ЕУ и на Балканот, г-дин Рама ги опиша роковите како технички.

Се чини дека двоумењето на премиерот Еди Рама е поврзано со предупредувањата на Грција дека случајот со избраниот градоначалник на Химара, Фреди Белери ќе влијае на напредокот на Албанија кон Европската унија, пренесе Сури.

КОЛУМНА

Газета Тема: Специјалниот суд на Косово, театар без публика

Специјалниот суд на Косово, лоциран во Хаг, е институција која продолжува да произведува драми, но и комедии за внимание на косовското и меѓународното јавно мислење. Овој суд е основан како резултат на притисоците и железните наметнувања на меѓународниот фактор, како сигурен механизам за справување со обвинувањата за трговија со човечки органи, сумирани во извештајот на Дик Марти, кој го одобри Советот на Европа, пишува Беким Чолаку во колумната Специјалниот суд на Косово, театар без публика, објавена во Газета Тема.

Подготви: Д. Тахири

 

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ