• Latest

Албански медиуми: Курти побара од ОБСЕ на косовските срби да им се овозможи гласање во Србија; за 10 месеци нападнати 120 полицајци во Косово; продолжува судскиот процес против Пјетер Шала

November 21, 2023
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Курти побара од ОБСЕ на косовските срби да им се овозможи гласање во Србија; за 10 месеци нападнати 120 полицајци во Косово; продолжува судскиот процес против Пјетер Шала

November 21, 2023 12:20
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Од Мисијата на ОБСЕ на Косово соопштија дека го добиле писмото од премиерот Албин Курти, преку кое тој ја изразува потребата од специјален договор за да им се овозможи на косовските Срби да го остварат своето право на глас на српските избори, кои се очекува да се одржат на 17 декември. Во Косово, за десет месеци се извршиле напади врз 120 полицајци, според статистичките податоци на косовската полиција.

Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес. Во продолжение се темите од денешниот избор.

Зери: ОБСЕ го прифати писмото на Курти за српските избори во Косово, мисијата бара безбедна средина за собирање гласови

Мисијата на ОБСЕ на Косово соопшти дека го добила писмото од премиерот Албин Курти, преку кое тој ја изразува потребата од специјален договор за да им се овозможи на косовските Срби да го остварат своето право на глас на српските избори, кои се очекува да се одржат на 17 декември.

Во писмото испратено до шефот на мисијата на ОБСЕ на Косово, Мајкл Девенпорт, Курти нагласи дека секој договор што ќе им овозможи на косовските Срби да гласаат мора да дојде од Србија и целосно да ги почитува суверенитетот и независноста на Косово.

Мисијата на ОБСЕ најави дека останува подготвена да го поддржи собирањето гласови, како што тоа го правеше и во претходните случаи, пренесе Зери.

Газета Експрес: За 10 месеци се нападнати 120 полицајци, се бараат строги казни и здравствено осигурување

Од јануари до октомври годинава се извршени вкупно 120 случаи на напади врз полицајци, покажуваат статистичките податоци на косовската полиција.

И покрај опасната работа, тие  немаат ниту здравствено осигурување. Експертот за безбедност Арбен Дашевци, побара да се заострат казните за оние што ги напаѓаат полицајците.

Мерките против оние кои напаѓаат полицајци да бидат построги, вели тој, пренесе Газета Експрес.

Инсајдери: Продолжува судскиот процес против Пјетер Шала

Во Специјализираните совети во Хаг денеска продолжува судскиот процес против поранешниот припадник на ОВК, Пјетер Шала.

За судскиот случај „Шала“ неделава се очекува да се одржат пет рочишта. Тој е во притворот во Хаг од март 2021 година, пренесе Инсајдери.

Газета 10: Бањска била главна тема на средбата Столтенберг-Вучиќ

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека во вторникот наутро разговарал со претседателот на Србија, Александар Вучиќ за неодамнешните тензии на северот на Косово. Ова е и за вооружениот напад што се случи врз косовската полиција на 24 септември во Бањска во Звечан, каде беше убиен наредникот Африм Буњаку, пренесе Газета 10.

АЛБАНИЈА

Топ Чанел: Јамарбер Малтези пуштен од затвор, апелација го остава во домашен притвор,  Нема промена на мерката за Бериша

Специјалниот апелационен суд за корупција и организиран криминал одлучи да го ослободи Јамарбер Малтези од затвор, со што мерката од „затворски притвор“ се намали на „куќен притвор“.

Додека за поранешниот премиер Сали Бериша нема промена на мерката, пренесува Топ Чанел.

КОЛУМНА

Бота Сот: Моќни криминални мрежи поврзани со политиката

Во отсуство на пристојна правна држава, на неефикасно функционирање на правосудните институции, политичките аналитичари оценуваат дека Косово како нова држава е дојдено до ситуација да биде фатено од организиран криминал и корупција, пишува косовскиот автор, мр. Али Хертица .

Тој се осврнува на криминалните структури  кои ги поврзува со дел бизнисмените, како што ги нарекува олигарси мафијаши, преку кои се перат пари и се купува политичко влијание.

„Така што и најпримитивните и најнасилните криминални структури претворени во комплицирани организации, кои инвестираат во „легитимните“ бизниси на мафијаши-олигарсите, преку кои перат пари, како во Косово, така и во ФИСКАЛНИОТ РАЈ, како и во промоција на луѓе во нивна близина во политиката.“, пишува Хертица во колумната Моќни криминални мрежи поврзани со политиката, објавена во Бота Сот.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ