• Latest

Албански медиуми: Макрон бил погрешно преведен; Албанија и Косово го осудија бомбардирањето на болницата во Газа

October 18, 2023
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Макрон бил погрешно преведен; Албанија и Косово го осудија бомбардирањето на болницата во Газа

October 18, 2023 11:26
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Додека во медиумите беше објавено дека Франција го прекинува процесот на визна либерализација за Косово, прес-службата на Макрон  соопшти  дека прашањето за визна либерализација за Косово „останува отворено“, пишуваат косовските медиуми. По синоќешното бомбардирање на болницата во Газа, косовската претседателка Вјоса Османи го осуди нападот и апелираше да се заштитат невините. И албанскиот премиер, Еди Рама излез со осуда, и побара истрага за сторителите на бомбардирањето.

Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

Газета Експрес: Лошо беше преведено, се што се случи вчера со изјавата на Макрон за либерализација на визите за Косово

Прес-службата на претседателот на Франција, Емануел Макрон, вчера реагираше по изјавата во врска со либерализацијата на визите за Косово.

Додека во медиумите беше објавено дека Франција го прекина овој процес, прес-службата на претседателот изјавува дека прашањето за визна либерализација за Косово „останува отворено“.

Во соопштението за медиумите се нагласува дека се работи за технички процес, каде Франција не може сама да се изјасни, туку прво мора да се консултира со своите европски партнери.

„Претседателот зборуваше за тензиите меѓу Србија и Косово. Тој кажа кои се нашите барања. Во овој контекст и имајќи ја предвид блокадата на Приштина, претседателот оцени дека прашањето за визната либерализација останува отворено. Покрај тоа, тоа е технички процес и дискусија што мора да се направи со нашите европски партнери“, соопшти Кабинетот на претседателот на Франција.

Макрон вчера за време на заедничката конференција со премиерот Еди Рама во Тирана изјави дека Франција може да го прекине процесот на визна либерализација за Косово, поради „непочитување на дадениот збор“, обвинувајќи го Косово дека не го одржал дадениот збор за формирање на Здружението.

Според француските медиуми, изјавата на Макрон била погрешно преведена од преведувачот и погрешно пренесена, пренесува Газета Експрес.

РТВ 21 – Османи за нападот на болницата во Газа: Да се заштитат невините, цивилите најмногу страдаат во секој конфликт

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, реагираше по нападот што се случи во болница во Газа, каде што животот го загубија стотици луѓе.

Османи преку објава на платформата Икс повика на заштита на невините, додавајќи дека цивилите се тие кои најмногу страдаат во секоја војна.

„Поразително е да се видат последиците по човечкиот живот со стотици цивилни жртви по бомбардирањето на болницата во Газа, вклучувајќи жени и деца. Невините животи мора да бидат заштитени. За жал, во секој конфликт најмногу страдаат цивилите“, напиша Османи, пренесува РТВ21.

РТК: ММФ бара Косово да го достави новиот Закон за банки до Собранието

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд предводена од Габриел Ди Бела ја посети Република Косово во периодот од 25 септември до 6 октомври 2023 година, за дискусии за првите ревизии на Договорот за напредна грижа (SBA) и Инструментот за издржливост и одржливост ( RSF), што Косово го има со ММФ.

„Именувањето на новиот гувернер на ЦБК и нормализацијата на раководните структури на ЦБК даде нов поттик за спроведување на реформите. Персоналот на ММФ очекува наскоро да биде одобрена новата регулатива за работа, која ќе ги разјасни одговорностите на Надзорниот одбор на ЦБК во однос на извршниот одбор и новиот Закон за банки да биде доставен до Собранието на почетокот на 2024 година“, се вели во соопштението на ММФ, пренесе РТК.

АЛБАНИЈА

Телеграфи: Рама го осуди бомбардирањето на болницата во Газа и побара истрага за сторителите

„Нема оправдување, под никакви околности, да се погоди болничката инфраструктура, цивилите и медицинските тимови. Изјавата на премиерот Нетанјаху дека овој масакр го извршил самиот Хамас е застрашувачка, но не е доволна вистината да се одвои од тврдењата на завојуваните страни. Затоа мора да се соберат сите можни факти и да се докаже авторството на овој страшен напад врз темелите на човештвото“, напиша на платформата Икс албанскиот премиер Еди Рама.

„Хамас е рак во телото на човештвото, но ова не е доволно за да ги затвориме очите пред ужасните слики од бомбардираната болница, ниту да се задоволиме со многу шокантната изјава на премиерот на Израел. Во оваа војна Албанија и целиот демократски свет е определен на страната на Израел, варварски погоден од суровоста на терористите од Хамас! Но, демократскиот свет мора да биде и гарант за вистината за стотиците и стотиците жртви на бомбардираната болница во Газа. Затоа, истрагата на фактите за изнесување на сторителите на ова масовно убиство и нивното казнување без никаква двосмисленост е неоспорна одговорност и неизбежна обврска на демократскиот свет кон целото човештво“, рече Рама, пренесува Телеграфи.

КОЛУМНА

Коха: Од крвавите полиња на Блискиот Исток до изборите во Швајцарија

„Во недела се одржуваат парламентарните избори во Швајцарија. Со оглед на толку многу кризи и војни – од Украина до Блискиот Исток – учеството на овие избори добива уште поголемо значење. Со поддршка на демократските политичари со агенда за интеграција, албанската заедница во Швајцарија може да даде важен придонес. За себе. За општеството. За демократската средина. Крвавите полиња на Блискиот Исток ни покажаа, особено во последните денови, колку е важно да се живее во безбедна држава, со функционални институции и со политичари кои ги земаат предвид општите, а не само конкретните интереси. Да живееш во земја каде што не треба да се плашиш од репресија, каде што уживаш во шансата да создаваш просперитет и каде што си еднаков пред законот и во светот на работата – ова е голема привилегија.“, пишува авторот Енвер Робели во колумната „Од крвавите полиња на Блискиот Исток до изборите во Швајцарија“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ