• Latest

Албански медиуми: По трет пат се одложува мерката куќен притвор за Бериша; предлог статутот за Заедницата „виси“ на тенок конец

December 29, 2023

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: По трет пат се одложува мерката куќен притвор за Бериша; предлог статутот за Заедницата „виси“ на тенок конец

December 29, 2023 12:04
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Специјалниот суд на Албанија по трет пат го одложи донесувањето на мерката за безбедност, за заострување на куќниот притвор на поранешниот премиер Сали Бериша, известуваат албанските медиуми.

По многубројните барања на меѓународниот фактор Владата да го формира здружението врз основа на нацрт-статутот предложен од ЕУ, премиерот Албин Курти  изјави дека ЕУ и српскиот претседател Вучиќ ја пропуштиле шансата на 26 октомври во Брисел, што предизвика наслови со прашање во косовските медиуми, дали владата го отфрла предлог статутот за Заедницата.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-Прес.

АЛБАНИЈА

Клан: Безбедносната мерка против Бериша се одложува по трет пат

Трет пат по ред Специјалниот суд го одложи донесувањето на мерката за безбедност против Сали Бериша, по барањето на СПАК за заострување на мерката куќен притвор. Решението се очекува да биде дадено на 30 декември, во 12:00 часот. Адвокатите повторно побараа разрешување на судијката Ирена Ѓока, пренесе Клан.

Газета Шќип – Преговори со ЕУ/Министерот за надворешни работи: Очекуваме добри вести на почетокот на 2024 година

Министерот за надворешна Европа Игли Хасани денеска одржа прес-конференција на која говореше за достигнувањата на албанската дипломатија за 2023 година и за приоритетите за следната година, пренесе Газета Шќип.

КОСОВО

Бота Сот: Дали владата го отфрла предлог –статутот за Заедницата?

По многубројните барања на меѓународниот фактор Владата да го формира здружението врз основа на нацрт-статутот предложен од ЕУ, премиерот Албин Курти  изјави дека ЕУ и српскиот претседател Вучиќ ја пропуштиле шансата на 26 октомври во Брисел, кога тој беше подготвен да го потпише договорот за Заедницата, додека Вучиќ не беше.

Во меѓувреме, претседателот на Собранието, Глаук Коњуфца, отворено излезе против предлог-статутот за  Заедницата. Според него, нацртот кој има многу штетни точки не може да се спроведе. Во меѓувреме, опозициските партии ја критикуваат владата за промена на ставот, пренесе Бота Сот.

Инфокус – Османи за мерките на ЕУ: Борел ми вети дека ќе предложи отстранување на мерките за Косово

Вјоса Османи изјави дека како претседателка на државата се залага за спречување на построги мерки на ЕУ против земјата.

„Косово не изврши упад во друга земја за да заслужи вакви мерки на ниво на ЕУ. Како претседателка, се залагам за спречување на построги мерки, нашите партнери многу добро знаат какви мерки“, рече Османи.

Османи рече дека шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, и ветил дека ќе даде предлог за укинување на мерките против Косово.

„На последниот состанок на ЕУ со Западен Балкан, инсистирав да се направи јасен пат за тоа како да се отстранат мерките, и со ова барање беше дефиниран патот преку кој му е дадено правото  на Борел да предложи отстранување на мерките, и по неговиот предлог – тие да се отстранат“, рече Османи, пренесе Инфокус.

КОЛУМНА

Панорама: „Бериша“, како „привремен“ поправен дом на моралот

На нашата тема: Дали Бериша, историски лик со сите атрибути, треба да се смета дека ги направил потребните квантитативни и квалитативни промени во различни аспекти во државата? Ги исклучуваме спротивните страни на политиката. Еден рационален одговор, веднаш потврдува: Да! Секако!“, пишува авторот Бен Андони во колумната „„Бериша“, како „привремен“ поправен дом на моралот“, објавена во Панорама.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ