• Latest

Албански медиуми: Случајот „Грдец“ се враќа во албанскиот Специјален суд за корупција; СП бара дисциплински мерки за 3 демократски пратеници; Република Српска и нападот во Бањска ги загрижува Берлин и европските престолнини

March 6, 2024
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Случајот „Грдец“ се враќа во албанскиот Специјален суд за корупција; СП бара дисциплински мерки за 3 демократски пратеници; Република Српска и нападот во Бањска ги загрижува Берлин и европските престолнини

March 6, 2024 11:36
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Специјалниот суд за корупција и организиран криминал во Тирана, денеска ќе се одржи рочиште за поранешниот министер за одбрана, Фатмир Медиу, за трагедијата со експлозијата во Грдец.

Косовските медиуми ја пренесоа анализата на германски „Дие Велт“, за состојбите во Косово по нападот во Бањска, односно, за загриженоста на Берлин и европските престолнини.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Топ Чанел: Во Специјалниот суд за корупција почнува рочиштето за поранешниот министер за одбрана Фатмир Медиу за случајот „Грдец“

Следното рочиште за поранешниот министер за одбрана, Фатмир Медиу, поврзана со трагедијата во Грдец, се одржува оваа среда (денеска)  во Специјалниот суд за корупција и организиран криминал.

Претходната сесија, одржана на 21 февруари, беше одложена поради отсуство на судијката Ирена Ѓока.

Медиу е обвинет за злоупотреба на власта од страна на СПАК во врска со трагедијата во Грдец, каде од експлозијата на работилницата за демонтирање оружје загинаа 26, а стотици беа повредени, пренесе Топ Чанел.

Репортери: Тензии во Собранието, СП бара дисциплински мерки за 3 демократски пратеници

Групата на СП побара дисциплински мерки за тројца пратеници од опозицијата: Фламур Нока, Бледион Налбати и Саимир Кореши.

Барањето е поврзано со тензиите за време на понеделничката седница во Собранието, каде пратениците од опозицијата го блокираа зборот, спречувајќи го говорот на пратениците од мнозинството, додека пратеникот Фламур Нока се судри со вработен во Гардата.

Секретаријатот за етика заседава денеска  во 13:00 часот за одлуката, пренесува Репортери.

КОСОВО

РСЕ: Зошто Русија бара апсење на најмалку тројца косовски полицајци?

Русија е во потрага по четири  државјани од Косово, од кои најмалку тројца полицајци, пренесе Радио Слободна Европа на албански јазик.

Радио Слободна Европа достави документи кои покажуваат дека Русија ги смета тројцата полицајци за осомничени за кривични дела „незаконско апсење“ и „киднапирање“, кои во Русија се казнуваат со затвор до 12 години.

Барањето за нивно апсење е испратено и до Меѓународната полициска агенција ИНТЕРПОЛ.

Русија тврди дека овие полицајци биле вклучени во „апсењето и малтретирањето“ на Михаил Красношченков во 2019 година.

Красношченков, со руско државјанство, тогаш бил вработен во Мисијата на Обединетите нации на Косово – УНМИК.

Зери – Die Welt: Република Српска и нападот во Бањска  ги загрижува Берлин и европските престолнини

ЕУ долго време го запостави Западен Балкан и гледа како старите конфликти повторно се разгоруваат. Русија сакаше да ја искористи можноста за да се зацврсти во регионот. Германскиот министер за надворешни работи сака да ја поправи оваа стратешка грешка. Но, таа има проблем.

Тоа е мешавина од автократска политика, руско влијание, организиран криминал и територијални спорови кои се повеќе го дестабилизираат Западен Балкан. Набљудувачите се согласуваат дека Европа ќе биде безбедна на долг рок, само ако земјите од регионот се цврсто интегрирани во заедницата на држави.

Вака пишува германскиот медиум „Дие Велт“ опишувајќи ја посетата на германскиот дипломат на Црна Гора и Босна и Херцеговина на почетокот на март, пренесува Зери.

Перископи: Косовскиот државен врв денеска на поклонување во Преказ

Во рамки на државните активности по повод одбележувањето на 26-годишнината од Епот на ОВК, претставници од државниот врв  ќе се поклонат во Меморијалниот комплекс „Адем Јашари“, пренесе Перископи.

КОЛУМНА

Коха: Во канџите на Кремљ

„Минатиот ноември во германските медиуми се дозна дека новинарот Хуберт Сејпел, познат по интервјуата со Владимир Путин, добил 600.000 евра од Русија за да напише книга. Сејпел беше редовен гостин на германските телевизиски емисии. Тој ја објасни Русија на германската јавност. Држеше реферати. Пишуваше книги. Кога се дозна дека Сејпел добил пари од Русија, неговата германска издавачка куќа престана да ја продава неговата книга за владеењето на Путин. Но, штетата  веќе беше направена.

Друг пример: со години е познато дека поранешниот канцелар Герхард Шредер не е само вработен во руските гасни компании, туку и пропагандист во служба на Путин.“, пишува авторот Енвер Робели во колумната „Во канџите на Кремљ“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албаснки медиумиизборрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ