• Latest

Албумот на моите деца, тука и во светот

January 13, 2018

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

May 12, 2026
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026
Реакции - идентитет

РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

May 12, 2026

Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

May 12, 2026

Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

May 12, 2026

Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

May 12, 2026

ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

May 12, 2026

Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

May 10, 2026

VSquare: Тивкото протерување — Како Унгарија засолнуваше руски шпион сѐ додека Орбан не падна

May 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

    Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026

    Зеленски дозволи одржување на парадата во Москва: Потпиша декрет за локализиран прекин на огнот

    Инфлација од 1,3% во април 2026: Најголем скок во храната и транспортот

    Фптп: Скриншот од видео на Guardian

    Нов правен пораз за Трамп – блокирани глобалните царини и најавени огромни рефундации

    Румен Радев / Фото: МИА архива

    Радев официјално ја презеде власта: Нова политичка ера во Бугарија меѓу реформите и геополитичките дилеми

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Дебата за политичките состојби во изборен контекст: Контрола на штетата и продолжување на политичкиот рок на траење на власта

    Предвремени избори за одржување на режимот

    Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

    Звукот на привикнувањето

    Светски ден на слободата на медиумите: Помеѓу европските реформи и реалноста

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

    Германски трупи парадираат пред платформата со високите офицери на германската и советската армија (Bundesarchiv Bild 101I-121-0011A-23, Polen, Siegesparade, Guderian, Kriwoschein)

    Заборавениот сојуз и пријателство „запечатено со крв“: Кога нацистите и сталинистите парадираа заедно

    Новинарство без слобода не бива. Прашањето е – колкава е таа слобода

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СЛОБОДНА ЗОНА

Албумот на моите деца, тука и во светот

January 13, 2018 10:23
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

На почеток сме на нова година. Време за сумирање на минатото и нови желби и надежи.

Моето сумирање започна на почетокот на декември со една неочекувана порака на Facebook. Во пораката една слика со три насмеани фаци и порака: „Ете сме 🙂 Ми поминаа синоќа на гости па викаме ајде одма да штракнеме една за Фросе :-)“ . Порака која боли од убавина.

Пишува: Фросина Митрушева

Триесет и седум години работа ми пролетаа низ главата за триесет и седум секунди. Моето богатство. Богатството кое само професор може да го ужива. Моите деца. Стотици кои го обележаа мојот живот и направија од мене она што сум.

Овие тројца кои „штракнале една за Фросе“ се јавија од Швајцарија. За некои знаев каде се и што прават. Знам дека Владо е во Доминикана и дека е среќен таму. Знам дека Ангел и Шунка се среќни во Њујорк. Сестрите Соколови се во Австрија и Швајцарија, Ивана е во Австралија, браќата Хрисафови се во Швајцарија, Дарко е во Лос Ангелес, Филип е во Сан Диего, Екац е во Шведска, Мице и Џана се во Канада… Ух. Не можам да ги добројам…

И така почна… Од љубопитност и со желба да ги соберам точките од мојот живот на едно место, се случи албумот „Моите деца во светот“. Почнав да добивам пораки и слики од сите страни на светот. Сега веќе луѓе, ама за мене секогаш – мои деца. Сите среќни и исполнети.

Секој од нив отишол од свои причини. Повеќето од нив се заминати затоа што се претесни границите на оваа држава, за да можат да се остварат професионално. Го прифатиле предизвикот од големиот свет, а тој широкоградо ги примил и им дал шанса за исполнет, среќен и спокоен живот. И нашле таму некаде дом.

Албумот што започнав да го правам, разбуди безброј убави спомени и чувства и кај мене и кај нив. Некои од нив ми кажаа дека се запознале меѓу себе преку Facebook. Го разбудија во себе чувството за припадност. Се создадоа некои нови пријателства, се обновија некои стари. Долг е списокот и на мои ученици кои се овде, во Македонија. Добив пораки и од многу од нив. Им се допаѓа албумот. И тие се присетиле на старите пријателства од безгрижните денови на растењето и убавините на другарствата кои се создаваат во тој период. Се присетија на луѓето што се далеку, но и на оние кои се овде, а со кои им се разминале патиштата. Така, празниците ги искористија за возобновување на старите пријателства. Се споија во истоста на спомените, но и во различноста на сегашното живеење.

Ми пролетуваат низ глава годините што ги поминав со сета таа младешка енергија. Со нив го доживеав распаѓањето на една голема држава која ми беше дом. Со силата што ми ја даваа, ги преживеав стресовите од небулозните војни со кои беше придружено тоа распаѓање. Нивниот ентузијазам ми ги олесни годините на создавањето на новата држава, со сите породилни болки кои го следеа. Ми создадоа нови надежи за подобар живот. Ниту економските кризи не беа толку страшни, олеснети низ нивните шеги и смеа. И низ очекувањата и љубовта во нивните очи. Нивното созревање ми даваше надеж дека еден ден се ќе се среди, дека сите заедно ќе придонесеме за подобар живот на ова мало парче земја…

Најбројни во албумот се оние кои се иселија последниве години. Е, тие… Повеќето од нив бегаат. Но, не од несреќните љубови. Бегаат од безнадежноста. Боли пораката на Јасна  од Мајорка која многу прецизно и јасно ги опиша нивните мотиви:

„Често доаѓам во Скопје, се нервирам за моите, сестра ми, внука ми, плачам на неправди, за сите другари што не ми дојдоа на свадба пошто беа ‘по светот’ и тие што останаа и што не знаат како од први до први. Кога ѝ викав на сестра ми да дојде кај мене, таа ми рече: Јасна, ако и ние дојдеме, кој ќе остане да ја одржи револуцијата? Младоста ми помина на протест, и жал ми е што се откажав. Имав надеж дека нештата ќе се сменат, но по сé, вака себично, моето заминување е најдобрата одлука што ја имам донесено.“

Од Амстердам ми се јави Ефи. Нејзиниот опис на тоа што ја задржало таму кажува за тоа колку малку им е потребно за среќа: „Стилот на живеење им е доста релаксиран, дури на моменти досаден но сепак релаксиран. Никој не се занимава со политика, нити баш се секира за работа.“

Последните години, оние со помладите во албумот, беа потешки. Покрај веселоста што ја следи младоста, над нив секогаш стоеше и една сенка на загриженост. Носеа на плеќите бреме кое не би смееле да го носат на таа возраст. Деца кои предвреме пораснаа водејќи безнадежна борба за своите основни права на нормално образование и достоинствена младост. Тешки борби заедно водевме со безнадежноста. Како да ги мотивираш во средина која опстојува на изградба на погрешни мотиви? Средина која од невредноста прави вредност, а од вредноста невредност.  Не можеш на таа возраст да ги лажеш со розови сликички. Премногу мудри се за тоа. Можеш само нивната верба во самите себе да ја подржуваш и јакнеш. Е, тие деца избегаа… Верни на себе, отидоа во потрага по надежта. Им пожелувам да бидат среќни каде и да се, да се најдат себе си, да се остварат и да ги живеат своите младешки соништа. Да бидат релаксирани и успешни. Овде, во нивната татковина, ги изневеривме. Но, кога ќе дојдат на гости знаат дека секогаш ќе имаат некој кој ќе ги пречека со раширени раце и многу љубов.

Се надевам дека албумот ќе ги потсетува моите (и не само моите) деца на тие денови на младешка невиност и среќа, на изгубените вредности кои некогаш им биле свети, на заедништвото и младешките желби и идеали. Сакам да им се врати дел од ентузијазмот и вербата дека секогаш се може подобро и дека сѐ зависи од нив. И да ги охрабри да се борат за својата и подобрата иднина на своите деца.

Се надевам дека барем на некои ќе им го свртам вниманието кон најголемото богатство кое треба да го чуваме и негуваме – човекот во нас и луѓето околу нас.

А јас, како професор, ќе останам секогаш неизмерно богата, имајќи ги во мислите и срцето моите деца тука и во светот.

Tags: вредностииселувањемладиобразование
Share712Tweet21Send
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ